Пофалница за МИОА од Светската царинска организација

Скопје, 14 април 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на свеченоста по повод денот на Царинската управа, при што и беше врачена Пофалница од Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микуриа, за посебна соработка на полето на имплементацијата на ИТ системите, континуирана соработка и електронско прибирање, размена и заштита на податоци поврзани со царинското работење.

 

Светската царинска организација, по повод 26-ти јануари - Меѓународниот ден на Царината, традиционално секоја година доделува Пофалници за соработка на националните царински служби со надворешни организации и институции преку своите членки, меѓу кои е и македонската царинска служба . Меѓународниот ден на Царината оваа година беше посветен на мотото Дигитална Царина: Прогресивен ангажман со цел да се истакне развојот на царинските служби на полето на информациско -комуникациските технологии и да се стави акцент на иновациите кои се застапени во доменот на царинското работење.

 

Покрај МИОА, Пофалници од Генералниот секретар на Светската царинска организација им беа врачени на уште 9 институции за остварена посебна соработка, меѓу кои и на Централен Регистар, Министерство за финансии, Народна Банка на Р.М, Агенција за храна и ветеринарство, Дирекција за безбедност на класифицирани информации, Управата за јавни приходи и други.

 

 

 

 

 

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација