Инаугурација на Microsoft Showcase Classroom

Скопје, 09 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски се обрати на прес конференцијата за Инаугурација на Microsoft Showcase Classroom, во Основното училиште “Петар Здравковски-Пенко“- Скопје, чија реализација ја започнуваат Министерство за образование и наука, Министерство за информатичко општество и администрација, и TDK компјутери.

 

Станува збор за пилот Proof of Concept проект кој има за цел да го прикаже начинот на кој во реална образовна средина (училница) функционираат производите и алатките на Microsoft, специјално создадени и наменети за користење во образовниот систем во Република Македонија. Целта на проектот е трансформација и модернизација на нашето образование. со кој ќе се oбезбеди континуиран развој и осовременување на наставата во Р. Македонија преку имплементација на современите ИКТ технологии.

 

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски изјави дека ова е еден од приоритетите на Владата на Република Македонија. Во тек се неколку проекти кои имаат крајна цел да извршат трансформација и модернизација на нашето образование.

 

“Минатата година беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и технолошкиот лидер Microsoft. Воведувањето на пилот проектот "Microsoft Showcase Classroom", всушност претставува конкретен проект кој што произлегува како резултат на нашите заеднички напори и партнерството.”- рече Муцунски.

 

На настанот учествуваа и Министерот за Образование и Наука, Пиштар Лутфиу, советникот на претседателот на Владата за наука и информатика на Р. Македонија, Азир Алиу, Директорот на Мајкрософт во Македонија, Љупчо Георгиев и Директорот на TDK Компјутери, Јордан Димитровски.

 

 

Односи со јавноста при МИОА