Продолжуваат брифинзите во МИОА, за законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции

Скопје, 06 јули 2016 година

Стручен тим од Министерството за информатичко општество и администрација предводен од Министерката Марта Арсовска Томовска и денеска продолжи со брифинзите за новиот предлог закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.

 

На средбата учествуваа претставниците на телевизиите на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, потоа претставниците на телевизиите на државно ниво преку сателит, како и претставници на националните радија. Средбата се одвиваше во конструктивна атмосфера, при што Арсовска Томовска ги презентираше новите законски решенија, а учесниците имаа можност да дадат свои предлози и сугестии за унапредување на текстот на законот.

 

Брифинзите организирани од МИОА на кои ќе бидат поканети сите субјекти на коишто се однесува законот ќе продолжат и во наредните денови. Целта е да се пренесат и доближат предложените законски решенија, но исто така и да се слушнат конструктивни забелешки и предлози во насока на унапредување на предложениот закон

 

Утрешниот брифинг со Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска ќе се одржи во зградата на Агенцијата за електронски комуникации со почеток во 13 часот, при што ќе учествуваат претставниците на регионалните и локалните телевизии и радија на територијата на Република Македонија.

 

 

 

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација