Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции и пред регионалните и локални телевизии и радија

Скопје, 07 јули 2016 година

Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со одржувањето брифинзи за предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.

 

Министерката Марта Арсовска Томовска денеска го презентираше новото законско решение пред претставниците на регионалните и локалните телевизии и радија, кои имаа можност да разменат идеи, да дадат свои мислења и предлози во однос на законот. Брифингот помина во конструктивна атмосфера при што присутните меѓу другото ја поздравија иницијативата на Министерството за информатичко општество и администрација-кое е предлагач на законот, да се вклучат засегнатите страни на ваков конструктивен и транспарентен начин.

 

Во тек е консултативниот процес со сите засегнати страни и МИОА стои на располагање за нивно вклучување преку давање свои идеи, аргументи и конструктивни критики, со цел да бидат активни чинители во целиот процес. Брифинзите ќе продолжат и во наредните денови.

 

 

 

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација