Најава: Отворање на нов бесплатен интернет клуб во Велес

Велес, 24 јули 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, утре, 25 јули (понеделник) ќе го отворат новиот бесплатен интернет клуб, во рамки на проектот „Светот на дланка“.

Настанот ќе се одржи на ул. „8-ми Септември“ бр. 86 (Зграда на синдикатот) во Велес, со почеток во 10.00 часот.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација