Повик за учество во работни групи за подготовка на план за развој на бродбенд мрежиСкопје, 25 септември 2017 година Министерството за информатичко општество и администрација го започна процесот на подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија.
Заложбите на Министерството се транспарентен, инклузивен и квалитетен оперативен план, во чија подготовка ќе бидат вклучени сите засегнати страни.
Со таа цел, Министерството за информатичко општество и администрација, ги повикува сите заинтересирани институции, оператори, општини и експерти, да испратат писмо за заинтересираност за учество во работни групи. Писмото за заинтересираност треба да се испрати најдоцна до 5-ти октомври, на маил: marija.tegovska@mioa.gov.mk
Министерство за информатичко општество и администрација |























