Министерот Манчевски дел од презентацијата на стартапиСкопје, 11 ноември 2017 година Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска во 11:00 часот во просториите на Сеавус Инкубатор, ќе присуствува на вториот јавен „Инвестициски ден“. На настанот ќе се презентираат бизнис идеи од страна на стартап тимови кои поминаа низ пред-акцелераторската програма на инкубаторот. На настанот, покрај министерот Манчевски, ќе присуствуваат домашни инвеститори, бизнис ангели, претставници на фондови на разичен капитал,технолошки развој и иновација.
Министерство за информатичко општество и администрација |