Министерот Иво Ивановски и Францускиот амбасадор Валеро на трибина

Скопје, 21 ноември 2007

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и амбасадорот на Република Франција во Македонија Бернард Валеро денеска во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово пред присутните ученици одржаа предавање во рамките на трибината „Учиме за ЕУ“.
Освен што ги објаснија основните принципи на функционирањето на Унијата, монетарната политка и историјата, двајцата прадавачи посебно внимание им посветија на ученичките прашања. Средношколците прашуваа за можностите за студирање во Европската Унија во овој период.

Министерот Ивановски објасни дека постојат одредени програми кои Владата ги склучува одвоено со неколку држави и дека им се овозможува на одредени ученици да го продолжат образованието надвор од својата земја со финансиска помош од државата. Учениците го прашаа и францускиот амбасадор Валеро за напредокот на Македонија и можностите за влез на држвата во Унијата. Амбасадорот истакна дека покрај брзата динамика со која Македонија може да се пофали пред европјаните, особено важно е и напредокот на Македонците во психолошката димензија. Сите Македонци без разлика на политичка, национална и верска припадност имаат заеднички став - влез во Унијата. Овие предавања што ги организира Владата преку Секретаријатот за европски прашања се наманети за младите. Им објаснуваме за историјата, политиката на Унијата, можноста за влез на нашата држава. Кампањата ќе продолжи и во наредниот период во други училишта, каде што предавачи ќе бидат еден министер и амбасадор, објасни министерот за информатичко општество Иво Ивановски.