Економската конференција во Виена

Скопје, 05 Декември


Министерот без ресор задолжен за развој на информатичко општество, м-р Иво Ивановски од 03-04.12.2007 присуствуваше на Економската конференција во Виена. Министерот без ресор се обрати пред присутните, меѓу кои имаше високи владини претставници од соседните земји и од земјите членки на ЕУ.

На обраќањето акцент беше ставен на привлекувањето на странските инвестиции како и на поволностите кои ги нуди Владата на РМ за истите. Беше спмената и Економската програма на Владата како и клучните економски приоритети за 2007 како што се: одржување на макроекономската стабилност, подобрување на бизнис климата, намалување на невработеноста и сиромаштијата и подобрување на економијата, со цел, овзможување на одржлив развој и подобрување на животниот стандард. Министерот без ресор, м-р Иво Ивановски во своето обраќање ги потенцира и резултатите од од превземените политики, како што се : преземените мерки за израмнување на даноците и намалување на административните процедури во рамките на проектот “Регулаторна гилотина”, основањето на технолошко – индустриски зони на неколку локации во нашата земја, каде што се нудат особено поволни услови за странските инвеститори, како и зголемениот број на странски компании кои почнаа да инвестираат во Македонија. Исто така беа нагласени проектите кои ги спроведува Владата на РМ во насока на развој на информатичко општество како што се проектот “Компјутер за секое дете”, бесплатните обуки за граѓаните, бесплатниот интернет, доделувањето на вредности боновои- ваучери за студентите кои запишале 4-та година, доделувањето на стипендии за најдобрите информатичари, отворањето на бесплатните интернет клубови и сл.