Четири дена бесплатен интернет

Скопје, 26 Декември, 2006

На 30, 31 декември годинава и 1, 2 јануари идната година Владата ќе обезбеди бесплатен интернет за сите граѓани, најави вчера Иво Ивановски, министерот без ресор задолжен за информатичко општество. Корисничкото име за бесплатниот интернет за време на новогодишните празници е "владанарм" и лозинка "остваруваме". Владата покрај трошоците за пристапот преку сите провајдери во земјава, ќе ги покрие и трошоците за импулсите.

Министерот Ивановски вети неколкудневен бесплатен пристап до интернет и во мај, како и кон крајот на 2007 година. Тој најави и масовна информатичка програма за едукација на граѓаните, што ќе биде објавена во медиумите кон крајот на март идната година.
- Ги повикувам сите граѓани да се пријават на програмата, која ќе биде многу добро организирана за подобро запознавање со интернетот и со други апликации од информатиката, рече Ивановски.