Фирма ќе се регистрира за три часа

Скопје, 21 Јули 2007

Од септември регистрирањето на фирма ќе тра само три часа, соопшти министерот без ресор задолжен за информатичко општество Иво Ивановски.
Тоа ќе се овозможи преки електронско регистрирање на деловните субјекти во Централниот регистар и во Управата за јавни приходи од 20 септември годинава.
Образложувајќи го отпочнувањето на проектот за измените на едношалтерскиот систем, Ивановски посочи дека основната причина поради која досега доаѓаше до пречекорување на рокот за регистрирање од предвидените три дена е што постапката за регистрирање на единствениот матичен број на деловникот субјект се водеше во Централниот регистар, Поради тоа, додава Ивановски, едношалтерскиот систем за регистрација во пракса функционираше како двошалтерски.

“Со измените што ги предлага Владата процесот ќе се одвива електронски, странката ќе доаѓа со писмо за намери до Централниот регистар, кој го издава единствениот матичен број и истиот го доставува до Управата за јавни приходи како и до банката дека странката е заинтересирана за отворање жиро смерка. Во рок од три до четири часа УЈП доделува единствен даночен број кој го враќа до Централниот регистар и странката за три до четири часа ќе може да регистрира компанија во Централниот регистар од едно место”, појасни Ивановски. За странките кои ќе аплицираат во попладневите часови, постапката ќе се изврши наредниот ден во рок од четири часа. Измени ќе се предложат и во Законот за едношалтерски систем со воведување обврска Централниот регистар да врши регистрација на фирми за помалку од осум часа. Воедно на банките им се препорачува во рок од два до три месеци да ги прилагодат своите системи за да можат брзо да издаваат жиро сметка и да се конектираат со Централниот регистар.