Бизнис-форум "Macedonia - New Economic Miracle in Europe" 7 март 2008, Вашингтон

Вашингтон, 06 Март 2008

Министерот без ресор, м-р Иво Ивановски, на 7 март 2008 година (петок), во Вашингтон, ќе учествува на Бизнис Форумот "Македонија – Новото економско чудо во Европа".

Меѓу главните презентери на Форумот ќе биде Заменик претседателот на Владата, м-р Зоран Ставревски и претседателот и главен извршен директор на Нортел, г. Мајк Зафировски, а ќе учествува и министерот Глигор Ташовиќ, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо.

На Форумот вицепремиерот Ставрески и Мајк Зафировски ќе ги презентираат економските политики и реформи во Република Македонија насочени кон подобрување на вкупната бизнис клима и привлекување на американски инвеститори. Се очекува да присуствуваат над 100 претставници на моќни американски компании меѓу кои и членки на Fortune 500 листата. На Форумот ќе учествуваат и претставници на американски невладини организации, меѓународни финансиски институции, медиуми како и политички и лоби кругови од САД.


Форумот е извонредна можност за промоција на Република Македонија пред американската јавност како стабилна и просперитетна земја, што е значајно пред претстојниот Самит на НАТО во Букурешт на кој се очекува покана за членство на Република Македонија.



Покануваме новинари.