Состанок за е-Инфраструктура во југо-источна Европа

Атина, 21 Февруари

На 21 Февруари 2008 година во Атина, Грција се одржа состанок за е-Инфраструктура во Југо-Источна Европа на која за потребите на Министерот М-р Иво Ивановски, присуствуваше Кирил Самарџиоски, соработник во Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за развој на информатичко општество и Проф. д-р Анета Бучковска, член на управниот одбор на МАРНET.

На состанокот организиран од SEE-GRID-2 проектот на Европската комисија (развој на GRID е-Инфраструктурата во Југо-Источна Европа),со поддршка на грчката научно-истражувачка мрежа-GRNET, Професорката Бучковска одржа презентацијата за националната научно-истражувачка мрежа и grid инициативите за Републка Македонија. Целта беше да се соберат заедно политичките претставници од Владите од Југоисточна Европа давајќи потполна поддршка за развојот на е-инфраструктурата на национално ниво и во регионот, како и надлежните во имплементацијата на е-инфраструктурните активности во сопствените земји (12 вкупно).
На состанокот секој претставник од надлежните лица за имплементацијата на е-инфраструктурните активности ги презентираше националните Grid иницијативи и притоа земјите учесници ги разменија сопствените искуства во врска со моменталниот статус на нивната е-инфраструктурата.
На крајот сите учесници се согласија дека треба да продолжи моменталната динамика во заедничкото работење за имплементирање на зедничката визија и регионална стратегија за развој на е-инфраструктурата.