Министерот Ивановски ќе го претстави првото целосно компјутеризирано училиште

Скопје, 06 април 2008

Министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски и генералниот директор на АД „Македонски Телекомуникации“ Николај Бекерс, утре, 7 април 2008 година (понеделник), ќе го претстават првото целосно компјутеризирано средно училиште, во рамките на проектот „Компјутер за секое дете“.

 

Презенатацијата ќе се одржи во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје во 11:30 часот.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери.

Скопје, 6 април 2008 година