Министерот Ивановски на деловен ручек со ССК

Скопје, 09 Април 2008

Денес 09.04.2008 (среда), по повод поканата за учество на деловен ручек во организација на ИКТ Комората на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија, министерот без ресор, м-р Иво Ивановски ќе присуствува и ќе одржи краток говор на средбата што ќе се одржи со почеток во 12:00 часот,во хотел „Континентал“ (Кристална сала).

Целта на одржување на оваа деловна средба е согледување на потребите и проблемите кои членките на ИКТ Комората ги имаат во реализирањето на проектите на Владата на Република Македонија во информатичко – комуникациската технологија.