Заменик министерот Арсовска Томовска во големото жири за избор на најдобра светска апликација за мобилни телефони

Скопје, 5 октомври 2012

 

Заврши првата фаза од on-line гласањето за избор на најдобра светска апликација за мобилни телефони. Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на покана на Светскиот самит за информатичко општество (WSIS), организиран од Обединетите Нации и Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), се придружи на Големото Жири, во кое се вброени 50 еминентни членови од сите континенти, со значајно искуство на полето на креативни индустрии, телекомуникација, како и претставници од доменот на научно–истражувачката дејност.

Привлекување странски инвестиции во Индија

Тривандрум, Индија, 4 октомври 2012

Висока владина делегација на Република Македонија составена од министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, министерот за странски инвестиции без ресор, м-р Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо и економскиот промотор во Индија, Тони Атанасовски, на 3 октомври 2012 година во Тривандрум, Индија, ги презентираа можностите за инвестирање пред бизнис елитата на државата Карнатака во Индија.

Македонско-естонска размена на искуства во ИТ секторот

Скопје, 2 октомври 2012

Во рамките на првата официјална посета на Република Македонија од страна на државна и бизнис делегација од Естонија, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 2 октомври 2012 година, оствари билатерална средба со министерот за економски развој и комуникација на Естонија, Јухан Партс.

Студиска посета за процедури за вработување во јавната служба

Брисел, 28 септември 2012

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, м-р Јахи Јахија, на 25 и 26 септември оваа година, престојуваше на студиска посета во Брисел, Белгија.

Основната цел на посетата беше запознавање со процедурите и постапките за вработување во јавната служба, кои понатаму би послужиле во процесот на креирање на новиот Закон за администрација.

Доделени сертификатите PRINCE 2 за вработените во МИОА

Скопје, 28 септември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Кристофер Ивон, ги доделија сертификатите PRINCE 2 на вработени во МИОА, со што десет државни службеници се стекнаа со сертификат за проектно работење.

Меѓународна конференција за е-демократија во Охрид

Охрид, 25 септември 2012

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, на 24 септември во Охрид ја отвори третата по ред Меѓународна конференција за е–демократија. Во своето обраќање таа истакна дека овој настан има цел да ги обедини перспективите на политиките и технологијата преку употребата на ИКТ технологиите, а во насока на унапредување на демократијата.

Министерот Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Њујорк

Њујорк, 24 септември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествуваше на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој (Broadband Commission for digital development), кој на 23 септември 2012 година, се одржа во Њујорк.

Отворен новиот салон за Apple на Duna iStore

Скопје, 20 септември 2012

Денес во Скопје се отвори новиот продажен салон за Apple на Duna iStore. Отсега на потрошувачите ќе им бидат достапни големиот избор на Apple производи, вклучувајќи ги сите модели на Mac, iPad, iPod и iPhone.

 

Конференција за ИКТ иновации 2012 „Безбедни и интелигентни системи”

Охрид, 14 септември 2012

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска со свое обраќање ја отвори четвртата по ред меѓународна Конференција за ИКТ иновации 2012 под наслов „Безбедни и интелигентни системи”.

 

Целта на оваа конференција е промоција на објавените научни резултати од меѓународната заедница кои ги третираат иновативните, фундаментални и применети истражувања во информатичко – комуникациските технологии.

Модерна администрација со користење на информатичка технологија

Колумна на м-р Иво Ивановски

 

Скопје, 12 септември 2012

Согледувајќи ги насоките каде што се движеа модерните земји и искористувајќи ги најновите технологии за формирање на транспарентни, ефикасни и услужно ориентирани влади, Владата предводена од ВМРО-ДМНЕ од самиот почеток во 2006 година одлучи да инвестира во развојот на информатичкото општество, како никоја друга претходно. Во тоа време ширум светот се зборуваше за Естонија, Малта и Австрија за промените во услуги што ги нудат државните институции кон граѓаните да бидат достапни преку интернет, т.н. е-Услуги. Нажалост во Македонија тогаш имаше само 12% пенетрација на компјутери и 10% на интернет во домакинствата, два мобилни оператори и еден фиксен оператор со многу високи цени, тешко достапни за повеќето граѓани.

„Девојките во технологијата“: стипендии за ученичките - првенки на генерација

Скопје, 11 септември 2012

Десет ученички од неколку основни училишта во Скопје, кои се првенки на генерација, денес добија стипендии во вид на бесплатни обуки од областа на информатичко-комуникациските технологии.

 

Министерот Ивановски на Регионален форум во Тирана

Скопје, 9 септември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, на 6 и 7 септември во Тирана, Албанија, учествуваше на Регионалниот форум на Европа за широкопојасен интернет: Оддел за социјален и економски развој.

Презентација на проектот,,Оцени ја администрацијата,,

Скопје, 5 септември 2012

Министерството за информатичко оштество и администрација ја заврши имплементацијата на техничко решение за системот на поддршка на проектот,,Оцени ја администрацијата,, вклучувајќи набавка на дополнителни уреди заради проширување на границите на проектот ,,Семафор,, и надминување на идентификуваните проблеми во рамки на пилот проектот (втората надградена верзија на уредот за оценување на администрацијата т.н. Семафор).

Продолжува кампањата на проектот ,,Размена на документи по службена должност,,

Битола, 30 август 2012

Денес во подрачната единица на Агенцијата за вработување на Република Македонија во Битола, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски и директорот на агенцијата, г-н Влатко Поповски го промовираа проектот „Размена на документи по службена должност“.

Состанок на Советодавното тело за заштита на деца и млади од нелегални содржини на интернет

Скопје, 16 август 2012

Денес се одржа првиот состанок на Советодавното тело за заштита на деца и млади од нелегални содржини, загрозувања и активности кои постојат на Интернет. Носител на целокупната активност во наредниот период ќе биде Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Свечено затворање и доделување на медалите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика 2012

Скопје, 14 август 2012

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, денес се одржа свеченото затворање и доделување на медалите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика 2012, чиј домаќин беше Република Македонија. Олимпијадата се одржа во периодот од 9 до 14 август во Охрид, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија, а подржана од Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за електронски комуникации, како и од Македонската асоцијација за информатички технологии (МАСИТ).

Syndicate content