Доделени сертификатите за проценители на ИТ технологии

Скопје, 14 август 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ги додели сертификатите и уверенијата за посетуваната обука и положениот испит за проценители од областа на информатичките технологии.

„На јавниот оглас за кандидати за обука за проценители, се јавија 24 лица кои ги исполнуваа условите и за нив беше организирана обука, која се одржа во периодот од 21 до 29 мај, а ги опфати темите – Закон за процена, Методологија за процена и Извештај за процена.„- изјави министерот Ивановски.

Воспоставување на Национално тело за справување со компјутерски инциденти (Национален CIRT)

Скопје, 8 август 2012

Владата на Република Македонија ја усвои информацијата на Министерството за информатичко општество и администрација за воспоставување на Национално тело за справување со компјутерски инциденти, со цел обезбедување превенција и заштита на јавните информациски системи од ваков вид опасности.

Министерот Ивановски во посета на АЕК - Битола

Битола, 6 август 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес ја посети подрачната единица на Агенцијата за електронски комуникации во Битола.

Tој информира дека е доставена понуда од ВИП операторот во вредност од 5.100.000 евра за доделување две фреквенции по 10 мегахерци во опсегот на 1.800 мегахерци, со која што дополнително ќе се подобрат услугите на корисниците на мобилната телефонија во Македонија.

Министерот Ивановски на иселеничка средба во Трново

Трново, 2 август 2012 год.

На 2 Август, Илинден, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, присуствуваше на отворањето на 41-та Светска семакедонска иселеничка илинденска средба во битолското село Трново.

 

Интел: Македонија глобален лидер за ИТ во образованието

Скопје, 10 јули 2012

Македонија е глобален лидер во воведувањето на информатичките технологии во образованието. Ова признание корпорацијата Интел го искажа на годишната конфенреција за иновации во Сан Франциско.

 

Презентиран Акциониот план од четвртата фаза на регулаторната гилотина „Предност за малите„

Скопје, 04 јули 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, м–р Иво Ивановски, денес пред претставниците и членките на Сојузот на Стопанските комори на Македонија, го презентираше Акциониот План со предлог мерките од четвртата фаза на регулаторната гилотина „Предност за малите„.

Министерот Ивановски на прославата на Денот на независноста на САД

Скопје, 04 јули 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, присуствуваше на прославата по повод Денот на независноста на САД, 4 Јули, што се одржа вчеравечер во американската амбасада во Скопје.

 

Презентирани резултатите од бесплатната обука за ИТ вештини за граѓаните во интернет клубовите

Битола, 29 јуни 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, денес во Интернет клубот во Битола одржа прес – конференција на која беа презентирани резултатите од бесплатните обуки за ИТ вештини за граѓаните во интернет клубовите.

Доделени сертификати за ИТ вештини на невработени лица

Скопје, 28 јуни 2012

Во Министерството за информатичко општество и администрација денес беа доделени сертификатите за ИТ вештини на лица кои се евидентирани како невработени. Министерот Иво Ивановски, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски и генералниот директор на „Семос едукација„ Валентина Тасева, кои ги доделија сертификатите, заеднички констатираа дека станува збор за успешен проект кој овозможи едукативна надградба на овие лица во доменот на информациско-комуникациските технологии.

Потпишан Договорот за изработка на електронски продавници

Скопје, 26 јуни 2012

Министерот за информатичко општество и администрација,  м-р Иво Ивановски, денес го потпиша договорот за едногодишно хостирање на 31 веб продавница за правни лица со сопственикот на фирмата носител на набавката  Акселтра ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, Адмир Беќирагиќ.

"Роуд шоу" на Хуавеи

Скопје, 25 јуни 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик-министер за информатичко општество и администрација беше гостин на спектакуларното меѓународно "роуд шоу" на една од најголемите светски компании "Хуавеи". На овој настан беа демонстрирани сеопфатни решенија за мрежна инфраструктура, унифицирани комуникации, ИТ и податочни центри.

Отворен Форумот за креативни индустрии

Скопје, 21 јуни 2012

Како креативниот потенцијал да се стави во функција на економскиот развој на земјата е главна цел на Форумот за креативни индустрии, што се одржува денеска во организација на Британскиот совет - Скопје во соработка со Министерството за култура.

Министерски форум за ИКТ во Сингапур

Скопје, 19 јуни 2012

Денес, 19 јуни 2012 година, Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, во рамките на службената посета на Република Сингапур, а на маргините на Министерскиот форум за ИКТ кој се одржа вчера во организација на Светскиот економски форум, оствари билатерална средба со заменик министерот за координирање на политики при Министерството за внатрешни работи и комуникации на Јапонија, г-динот Јамакава Тецуо.

Презентиран новиот систем за управување со учење на јавната администрација

Скопје, 18 јуни 2012

Нов систем за управување со учење на јавната администрација, како и продолжување на искористувањето на новите технологии со цел таа да биде навремено и постојано образована, за да може да ги задоволи ефикасно и ефективно барањата на граѓаните, се новите иновативни мерки за реформа во администрацијата во Македонија на централно така и на локално ниво кои денеска на прес-конференција ги презентираше министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

SunWireless потпиша договори за соработка со iPass и Boingo Wireless

Скопје, 13 јуни 2012

Македонскиот оператор за безжичен интернет SunWireless потпиша договори iPass и Boingo Wireless, два водечки провајдерa за безжичен интернет на светско ниво.

Ивановски: ИКТ компаниите да ги искористат можностите од програмата Отворено владино партнерство

Скопје, 13 јуни 2012

Развојот на домашните ИКТ  компании   и предизвиците со кои се соочуваат,  можностите од програмата Отворено владино партнерство, како и условите за одвивање на јавните набавки во ИКТ областа, беа тема на денешната средба на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски со членовите на Комората за информатичко општетсво МАСИТ при СКМ.

Syndicate content