Работилница за трансфер на знаење

Скопје, 12 јуни 2012

Во рамките на редовните активности на Министерството за информатичко општество и администрација за информирање околу новите технологии и новите функционалности на постоечките, во просториите на Министерството се одржа работилница помеѓу тимот задолжен за развој на ИТ решенија и стратешко планирање за развој на информатичката инфраструктура и претставници на компанијата Мајкрософт.

Конференција на ЦИСКО: Бизнисот и Владата да ги користат придобивките од иновациите за поголем развој

Скопје, 06 јуни 2012

Бизнисите, Владата, образовните и институциите навреме да се прилагодат на секојдневните промени на технологијата. Само со иновации и со заедничко користење на придобивките од нив за нови бизниси ќе се обезбеди економски развој.

Ваучерите за компјутери од владиниот пакет мерки бенефит за студентите и за ИТ компаниите

Скопје, 06 јуни 2012

Подобрување на образованието на студентите и директна помош за ИТ компаниите, претставува проектот со кој апсолветните од социјално загрозените семејства ќе добијат ваучери за набавка на компјутери во вредност од 15.500 денари, како дел од најновиот пакет владини економско-социјални мерки.

Македонија домаќин на состанок за дигитализиација на земјите во ЈИЕ

Скопје, 05 јуни 2012

Размена на искуства и подготовките за преминот од аналогно  во дигитално емитување, што во Македонија треба да профункционира од 1 јуни следната година, се дел од дискусијата на третиот технички состанок на проектот DigiTV  за промоција на дигитализацијата во државите од Југоисточна Европа, чиј домаќин од денеска е Советот за радиодифузија на Македонија.

ИТ секторот ги поздравува најновите владини мерки

Скопје, 03 јуни 2012

Владината мерка за доделување на ваучери на апсолвенти од социјално загрозени семејства и за вработување преку познат работодавач, наиде на позитивни критики од страна на претставници на ИТ фирмите во Македонија.

 

Прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски

Скопје, 28 мај 2012

Денес, на веб страната на Единствениот национален електронскиот регистар на прописи, е поставен новиот предлог закон за администрација, чија цел, меѓу другото е продолжување на реформите во насока на професионализација и дополнителна едукација на јавните службеници се со цел подобрување на сервисот кон граѓаните.

Доделена Светската награда за телекомуникации и информатичко општество

Женева, 16 мај 2012  

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, денес, со почеток во 11часот, присуствуваше на доделувањето на Светската награда за телекомуникации и информатичко општество.

„Жените и девојките во информатичко – комуникациските технологии (ИКТ)” - Дијалог на високо ниво број 3

Женева, 16 мај 2012  

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, денес, со почеток во 14часот, во Женева, во рамките на Светскиот Самит за информатичко општество, Форум 2012, со свое обраќање ќе земе учество на Дијалогот на високо ниво број 3: „Жените и девојките во информатичко – комуникациските технологии (ИКТ)”.

Презентација на одржаниот „Ден на девојките во ИКТ” во Македонија

Женева,16 мај 2012 

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, денес, со почеток во 16часот, во Женева, во рамките на Светскиот Самит за информатичко општество, Форум 2012, ќе го презентира видео материјалот по повод одржаниот „Ден на девојките во ИКТ” во Македонија.

Е-потсетник, нов проект на МИОА за известување на граѓаните од институциите

Скопје, 16 мај 2012

Преку електронска пошта или СМС граѓаните најдоцна за шест месеци ќе имаат можност да добијат потсетување за достасување на обврската за вршење одредена административна услуга од пет институции, предвидува проектот „Е-потсетник“ на Министерството за информатичко општество и администрација.

Обука за функционери на државните органи

Маврово, 11 – 13 мај 2012

Министерството за информатичко општество и администрација, во рамките на проектот “Поддршка на реформите во јавната администрација” – финансиран од Британска амбасада, ја спроведе втората обука од вториот циклус на обуки наменети за функционери во државната служба на Република Македонија.
На обуката, покрај заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, учество земаа државни секретари, директори на дирекции, агенции и инспекторати.

МВР ја промовираше новата апликација „Пази радар“
Скопје, 09 мај 2012

Министерството за внатрешни работи во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација изработи апликација „Пази радар“ наменета за сите граѓани кои користат т.н. паметни телефони (Android i iPhone)

Важноста на македонските медиуми во зголемување на јавната свест
Скопје, 8 мај 2012

На 8-ми мај, во CитиХолЦентар во Скопје, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот, финансиран од УСАИД, организираа работна средба на тема „Важноста на македонските медиуми во зголемување на јавната свест за јавно - приватниот дијалог, индустриската политика и промовирање на извозот“.

Министерот Иво Ивановски на семинарот за бизнисмени организиран од Шведскиот трговски совет
Скопје, 03 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, денес 3 мај 2012 година е во официјална посета на Стокхолм, Шведска.

 

Ден на МИКРОСОФТ посветен на НВО секторот
Скопје, 03 мај 2012

На 30 април 2012 година во Скопје се одржа настан по повод соработката на Микрософт Македонија со невладиниот сектор во земјава. Се дискутираше на тема „Клауд компјутинг”- комерцијалните, но и кориснички достапни технологии кои може дополнително да го олеснат начинот на комуникација и соработка во НВО секторот, потоа употребата на социјалните медиуми во секојдневното работење на организациите, како и една од главните теми, можноста за добивање грантови од Сајбер програмата на Микрософт.

Најдобри е-бизнис планови за отворање на електронска продавница

Скопје, 27 април 2012

 

Министерство за информатичко општество и администрација спроведе Конкурс за избор на најдобри е-бизнис планови  за отворање  на електронска продавница. Право за учество имаа сите правни и физички лица од Република Македонија.

Syndicate content