„Девојките во технологијата”

Скопје, 26 април 2012

Поттикнување повеќе припаднички на понежниот пол да се запишуваат на ИКТ-факултетите за да се овозможи рамнотежа на застапеноста меѓу двата пола и да се зголеми вкупниот број на работна сила од ИКТ-областа во Македонија е целта на концептот „Девојките во технологијата“ што беше промовиран денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ).

МИОА потпиша договори за отворање 31 електронска продавница

Скопје, 23 април 2012

Отворање 31 нова електронска продавница овозможи Министерството за информатичко општество и администрација откако денеска потпиша договори со наградените учесници на конкурсот за избор на најдобри бизнис планови за он-лајн тргување.

Состанок на ниво на државни секретари
Скопје, 23 април 2012

Денеска, м-р Јахи Јахија, државен секретар на Министерството за информатичко општество и администрација, одржа состанок со д-р Марсел Биро, државен секретар на Министерството за јавна администрација и правда од Република Унгарија.

Потпишување на меморадум за соработка за надградба и промоција на ЕНЕР

Скопје, 19 април 2012

Под компонентата за јавно-приватен дијалог на Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот (ИДЕАС), беа организирани серија од активности кои ќе ги постават основите за иден развој на иницијативи за инвестирање и извоз во Македонија. Нивниот фокус е оперативното спроведување на политиките за економски развој и насоките од високо ниво зададени од страна на Владата на Р. Македонија.

Администрацијата ќе учи на работа со проект на МИОА за микро учење

Скопје, 18 април 2012

Надградба на знаењата на администрацијата преку учење на работните места треба да овозможи проектот за микро учење, што го почна денеска Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА). 

 

Проектот, дел од Меморандумот што МИОА го потпиша со Германската заедница за поддршка пред половина година, предвидува иновативни техники и методи за обука и формирање центар за микро учење.

Промоција на концептот „Девојките во технологијата”

Скопје, 17 април 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација и Панче Кралев, министер за образование и наука, денес, 17 април 2012 година, го посетија Средното училиште на Град Скопје „Орце Николов”.

Со поддршка од ОБСЕ и годинава ќе се подобрува капацитетот на македонската администрација

Скопје, 12 април 2012

Министерството за информатичко општество и администрација и во текот на годинава со низа активности ќе го јакне капацитетот на администрацијата и ќе ја унапредува регулаторната политика.

 

АЕК ги намали големопродажните цени на Македонски телеком за фиксна телефонија и интернет

Скопје, 10 април 2012

Агенцијата за електронски комуникации - АЕК од 1 мај годинава ги намали цените на фиксните големопродажни услуги на Македонски телеком за завршување на повик во фиксната телефонија, за пристапот до фиксна мрежа (разврзана локална јамка) и за широкопојасен интернет (битстрим).

Министерот Ивановски во Охрид се сретна со австралискиот сенатор Стивен Конрој

Скопје, 02 април 2012

Министерот за информатичко општество и администација Иво Ивановски утрово имаше работна средба со сенаторот Стивен Конрој, министер за широкопојасен интернет, комуникации и дигитална економија, заменик претседател на Владата во Сенатот и помошник министер на премиерот за дигитална продуктивност во Владата на Австралија.

Македонскиот проект за интернет-киосци во руралните средини пример за развој на информатичкото општество

Скопје, 02 април 2012

Проектот на Владата на Република Македонија за поставување интернет-киосци во руралните средини ќе биде дел од глобалната агенда на Меѓународната комисија за широкопојасен интернет, како позитивен пример за активности во насока на развој на информатичкото општество.

Три теми во фокусот на дискусиите на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој што се одржа во Охрид

Скопје, 02 април 2012

Три теми беа во фокусот на дискусиите во рамки на Состанокот на Меѓународната комисија за широкопојасен интернет и дигитален развој што денеска се одржа во Охрид.

 

Промовиран проектот „Е-агро берза преку СМС“

Скопје, 01 април 2012

Од средината на април ќе почне реализацијата на пилот проектот „Е-агро берза преку СМС“ којшто ќе овозможи поголема конкурентност на пазарот на тргување со земјоделски култури и достигнување на повисока цена на производот.

Премиерот Груевски во посета на Министерството за информатичко општество и администрација

Скопје, 30 март 2012

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (петок, 30 март 2012 година) оствари средба со раководниот тим во Министерството за информатичко општество и администрација.

Соопштение до медиумите: повик за акредитација

Скопје, 22 март 2012

 

Република Македонија, односно Министерство за информатичко општество и администрација, ќе биде домаќин на петтиот по ред состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој ќе се одржи во Охрид, на 02.04.2012 година, во хотел „Инекс Горица“, со почеток во 09 часот.

Проект за поголема транспарентност и достапност на јавните податоци

Скопје, 21 март 2012

Достапни и транспарентни податоци од отворени сигурни и ефикасни државни институции кои соработуваат и комуницираат со граѓаните треба да овозможат мерките од Акцискиот план што го подготвува Министерството за информатичко општество и администрацвија како дел од Иницијативата за отворена влада, чиј потписник е Република Македoнија.

Трибина за регулаторна реформа во Гевгелија

Скопје, 20 март 2012

Во рамките на четвртата фаза на Регулаторната гилотина - „Предност на малите”, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, се сретна со претставниците на малите и средни претпријатија од општините Богданци, Гевгелија и Дојран.

Syndicate content