Соопштение до медиумите

Скопје, 19 март 2012

 

“Врз основа на СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА во Република Македонија (2010-2015 ГОДИНА), а во функција на подобро искористување на човечките ресурси и овозможување на мобилност на вработените во рамките на администрацијата, беа донесени измени и дополнувања на Законот за државните службеници („Службени весник на Република Македонија“ бр. 24/2012) и Законот за јавните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2012).

 

Согласно законските измени, вработените во органите и институциите утврдени со Законот за државни службеници и Законот за јавните службеници, имаат можност за мобилност, во постапка утврдена согласно со наведените закони.

Македонските граѓани отсега ќе имаат можност преку полагање да стекнат „Certiport“ сертификат

Скопје, 19 март 2012

Сертификатот, кој е светски признат, денеска беше промовиран во Стопанската комора.

 

За негово издавање е задолжена МАСИТ - Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (ИКТ).

Обука за функционери на државните органи во Република Македонија

Скопје, 14 март 2012

Министерството за информатичко општество и администрација, во рамките на проектот „Поддршка на реформите во јавната администрација” – финансиран од Британска амбасада, ја спроведе втората обука од циклусот обуки наменети исклучиво за функционери во државната служба на Република Македонија.

Дигитализација на сите македонски телевизии до 2013

Скопје, 14 март 2012

До петок ќе биде објавен јавен повик за нов радиодифузер, информираат министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на  Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски.

 

Трибина за регулаторна гилотина во Берово

Скопје, 07 март 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, на 05.03.2012 година, во салата на хотел „Манастир” во општината Берово, одржа презентација и јавна трибина пред претставниците на бизнис заедницата од општините Берово, Делчево и Пехчево.

Стабилна законска регулатива и транспарентни јавни набавки, бара Американската стопанска комора

Скопје, 05 март 2012

Спроведување на четвртата фаза  од регулаторната гилотина и  предвидлива законска регулатива,  помош за проширување на пазарите во соседството,  поголема транспарентност при постапките за јавни набавки, се главните барања  до Владата на фирмите членки на Американската стопанска комора во Македонија.

Заменик министерот за информатичко општество и администрација во посета на општина Македонска Каменица

Скопје, 01 март 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, денес, во просториите на општина Македонска Каменица, одржа презентација и јавна трибина со претставниците на бизнис заедницата од општината. Таа го претстави почетокот на четвртата фаза на регулаторна гилотина „Предност за малите“ и ги образложи предвидените активности во рамките на овој проект.

Министерот Ивановски во Брисел се сретна со еврокомесарот Шефкович

Брисел, 28 февруари 2012

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски вчера во Брисел се сретна со еврокомесарот за меѓуинституционали односи и администрација Марош Шефкович.

 

На средбата министерот Ивановски ги презентираше реформите во јавната администрација што ги спроведува Владата.

 

Министерот Ивановски пред тетовските бизнисмени ја претстави четвртата фаза од регулаторната гилотина

Скопје, 24 февруари 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната регионална средба во Тетово на која присуствуваа претставници на голем број компании од градот и околината го претстави почетокот на четвртата фаза на регулаторна гилотина „Предност за малите“.

Министерот Ивановски со нова иницијатива за надминување на административните бариери

Скопје, 23 февруари 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска имаше средба со претставници на малите и средни претпријатија од Битола и Демир Хисар, при што ги запозна со четвртата фаза од проектот „Регулаторна гилотина“ наречен и „Предност на малите“.

Управниот инспекторат ќе ја контролира мобилноста во администрацијата

Скопје, 22 февруари 2012

Инспекторите од Државниот управен инспекторат преку редовни и вонредни контроли ќе проверуваат дали се прават злоупотреби при процесот на мобилност на вработените во администрацијата.

Бизнисмените од Струмица заинтересирани за новините што ги нуди четвртата фаза од регулаторната гилотина

Скопје, 20 февруари 2012

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот во Сојузот на стопанските комори Митко Алексов денеска во Струмица имаа средба со бизнисмени од струмичкиот и валандовскиот регион на која беа претставени реформите од четвртата фаза од владиниот проект Регулаторна гилотина.

Поднесување на годишната даночна пријава и преку интернет

Скопје, 16 февруари 2012

Граѓаните од денеска можат по електронски пат да ги поднесуваат годишните даночни пријави до Управата за јавни приходи.

 

Пријавите може да се поднесуваат од дома во кое било време на веб страницата http://etax.ujp.gov.mk/ со пополнување лични податоци и обезбеден електронски потпис од овластениот издавач КИБС и Македонски телеком.

Веб портал е-демократија - модерен метод на јавна расправа

Скопје, 14 февруари 2012

Граѓаните и бизнис заедницата добија нова алатка за комуникација  поврзана со работата на државните институции со денеска поставениот  веб портал  е-демократија на Министерството за информатичко општество и јавна администрација МИОА.  Новиот и модерен метод на јавна расправа треба да им овозможи на едноставен и лесно достапен начин да го дадат своето мислење за предлог документите на Владата, но и за готовите закони, со што активно би учествувале во  носењето одлуки.

e-ucebnici.mk
Скопје, 09 февруари 2012

 

Денеска на сајтот http://e-ucebnici.mk/, објавени се дополнителни 127 учебници. Учебниците се од 3-8 одделение

Меѓународен саем за бизнис технологии BizTech Скопје 2012

Скопје, 06 февруари 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, со свое обраќање го отвори BizTech Скопје 2012, меѓународниот саем за бизнис технологии кој се одржа во Хотелот Александар Палас на 6 и 7 февруари 2012 година.

Syndicate content