Интегриран веб – портал за зајакнување на конкурентноста на македонската економија.

Скопје, 01 февруари 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, присуствуваше на денешното потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу министерот за економија, Ваљон Сарачини и директорот на проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, Александар Шахов.

Владата планира да излезе со конкретни мерки за подобрување на деловната клима

Куманово, 27 јануари 2012

Микро и малите претпријатија ќе бидат целната група на четвртата фаза од проектот регулаторна гилотина. Како што рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски пред претставниците на бизнис-заедницата во Куманово, до крајот на април годинава Владата планира да излезе со конкретни мерки за подобрување на деловната клима во овој сегмент, но и со рокови за нивно имплементирање, како и за прилагодување на институциите и легислативата.

РЕЗУЛТАТИ од спроведеното тестирање за вклучување во Обука за напредни вештини од областа на ИТ

Скопје, 27 јануари 2012

 

Бесплатни ИКТ обуки годинава за 7.500 лица, најголем интерес во поголемите општини

Скопје, 24 јануари 2012

Најголем интерес за бесплатните ИКТ обуки  што  се спроведуваат во бесплатните интернет клубови во 22 града во државата има во поголемите општини Скопје, Битола и Кавадарци. Со обуките во текот на годинава ќе бидат опфатени над 7.500  лица, а зависно од интересот Владата ќе продолжи со такви активности и во наредните години, информира министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Термини за полагање на приемен испит за учество на обуките за вештини од областа на информатичките технологии

Скопје, 09 јануари 2012

Во врска со мерката 5.5 ,,Обука за напредни вештини од областа на информациските технологии кои се дефицитарни на пазарот на трудот’, во следната табела се дадени списоци со кандидатите што треба да се тестираат и термините кога и каде ќе се изврши тестирањето:

Десеткратно зголемен интерес за обуките за ИТ програмери

Скопје, 29 декември 2011

Според министерот за информатичко општество Иво Ивановски,  станува збор за скапа професионална обука преку која лицата ќе се стекнат со знаења за девет врвни барани програми и со сертификат  за секоја  од нив.  - Оваа обука во некои од развиените западни места се цени повеќе отколку дипломата која ја имаат факултетите затоа што работодавачите знаат дека знаењето  што е стекнато е навистина неопходно, рече Ивановски.

Стопанската комора за информатичка технологија (МАСИТ) се вклучува во четвртата фаза од регулаторната гилотина

Скопје, 26 декември 2011

Првата конкретна иницијатива што ја претстави денеска раководството на Комората пред министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски е да се воспостави регистар за регулација на увозот, дистрибуцијата и сервисирањето на овластените претставници од ИКТ во Македонија.

Надлежностите за регулаторната гилотина во МИОА, фокусот кај малите и средните фирми

Скопје, 21 декември 2011

- Намерата на процесот на регулаторниот проце не е да го намали или зголеми бројот на фирми кои ќе се регистрираат, туку да ги стимулира вистинските инвеститори со реална и објективна намера да се занимаваат со бизнис и тој процес да биде поедноставен и што поевтин.

 

Македонската интернет околина е во континуиран раст

Скопје, 20 декември 2011

Македонската интернет околина е во континуиран раст. Според официјалните статистички податоци, користењето на компјутери и интернет во Република Македонија бележи растечки тренд во сите општествени сектори.

Ова беше истакнато на манифестацијата „Сајт на годината“ на која во текот на денот ќе бидат погласени најдобрите сајтови за 2011 во неколку категории.

Меѓународна конференција за „Дигиталната агенда на Југоисточна Европа”

Брисел, 15 декември 2011

На 13-ти декември во Брисел, во заедничка организација на Cullen international и фондацијата Madariaga - College of Europe, чиј претседател е Хавиер Солана, се одржа меѓународна конференција на тема Дигиталната Агенда за регионот на Југоисточна Европа. Целта на оваа конференција на високо ниво е обединување на претставниците на ЕУ, националните креатори на политики, регулаторни органи, како и најголемите регионални инвеститори.

Обуки на администрацијата за подготовка и примена на законите

Скопје, 07 декември 2011

Педесет државни службеници од различни институции преку обуки ги унапредуваа знаењата и вештините во подготовка и спроведување закони и прописи, како дел од проектот „Подготовка на прописи - циклус обуки за администрацијата“.

Воведување на стандард за квалитет во работењето Заедничка рамка за оценка - CAF

Скопје, 01 декември 2011

Соочувајќи се со предизвиците на европската интеграција, но и потребата од подобрување на услугите кон граѓаните, вклучувајќи ги и нивните се поголеми очекувања, градењето на ефикасна, модерна и транспарентна државна служба која ќе обезбеди висок квалитет во работењето, е една од клучните определби на Министерството за информатичко општество и администрација.

Во Битола засадени 40.000 дрвца и собрани 8.000 потписи со поддршка на еко-акцијата

Битола, 23 ноември 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, градоначалниците на трите пелагониски општини, ректорот Златко Жоглев заедно со претставници на повеќе институции, здруженија на граѓани и ученици, денеска во месноста „Бел камен“ ја реализираа традиционалната еко-акција на засадување млади дрвца во околината на Битола.

Започна изработката на системот за синтеза на говор на македонски јазик

Скопје, 22 ноември 2011

 

Денес, 22.11.2011 година, Министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски, склучи Договор со Факултетот за информациски технологии и компјутерско инженерство за изработка на системот за синтеза на говор на македонски јазик.

Бесплатна обука во владините интернет клубови
Скопје, 21 ноември 2011

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска го промовираше новиот проект на Министерството „Светот на дланка“.

 

Проектот вклучува бесплатна обука во интернет-клубови на 22 локации во 22 градови од 1 јануари 2012 година за сите апликации за канцелариско работење.

Министерот Ивановски во директна комуникација со граѓаните

Скопје, 15 ноември 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денес на терен ги прашуваше граѓаните дали се задоволни од администрацијата и со какви проблеми најчесто се соочуваат.

 

Дел од граѓаните се задоволни од работата на администрацијата во Централниот регистер, а некои се делумно. Генерално во целата администрација бараат да се намали чекањето пред шалтерите, најчеста појава во вторник и во петок, како и поголема ефикасност преку поврзување на институциите со цел побргу да ги добијат бараните документи.

Syndicate content