Нов систем за учење на администрацијата со обуки во тек на работното време

Скопје, 11 ноември 2011

Вработените во администрацијата ќе добијат можност постојано да учат за новините во областа на своето работење  и да ги подобруваат знаењата во текот на работното време кога ќе немаат работни обврски. Тоа треба да се реализира со примена на систем за микроучење, т.н. лејтнер модел на едукација, што го најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Заокружен проектот „Помош во областа на рефиормите во јавната админисрација“ на МИОА и на ЕУ

Скопје, 10 ноември 2011

Пет институции кои нудат повеќе од 50 шалтерски услуги во иднина ќе добијат препораки од Министерството за информатичко општество и администрација (MИОА) како да ги направат поевтини и поефикасни услугите кон граѓаните.

Иницијатива за е-Југоисточна Европа - министерска средба за развој на информатичко општество

Тирана, 7 ноември, 2011

Во рамки на Иницијативата за е-Југоисточна Европа (eSEE Initiative) при Регионалниот Совет за соработка (Regional cooperation Council), 06-08 ноември во Тирана се одржува министерска средба за развој на информатичко општество. Целта на собирот е усвојување на Заедничка Декларација за  развој на информатичкото општество во земјите од Југоисточниот европски регион и ревидирана „eSEE Агенда +” со насоки и мерки за понатамошен развој на регионот.

Од сега прашањата за испитот за јавната администрација достапни на Интернет

Скопје, 4 ноември 2011

Кандидатите за вработување во јавната и државната администрација во иднина ќе имаат исти услови за полагање на стручниот и основниот дел од испитот за влез во администрацијата.

 

Тоа ќе го овозможат публикуваните прашања за вработување за јавни и за државни службеници што може да се најдат на веб-страниците на Министерството за информатичко општество и администрација и на Агенцијата за администрација што се однесуваат за секој конкурс за вработување во администрацијата и за кои е дадена насоката каде може да се најде одговорот.

Промовирани новите електронски учебници за 5-то и 6-то одделение

Скопје, 4 ноември 2011

Сите учебници за кои Министерството за образование и наука има авторски права, Министерството за информатичко општество и администрација ги дигитализира и ги поставува на веб порталот e-ucebnici.mk, да бидат достапни за сите ученици.

 

Нови 53 учебници за петто и шесто оддделение се дигитализирани и поставени на веб страницата e-ucebnici.mk. Со тоа вкупниот број учебници кои учениците можат да ги најдат и користат во електронска форма изнесува 103.

Работна посета во Израел

Скопје, 3 ноември 2011

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, како дел од владина делегација, заедно со министерот за образование и наука, Панче Кралев, генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски и Амбасадорот на Република Македонија во Израел, Петар Јованоски, во периодот од 24 до 27 октомври 2011 година беше во работна посета на Израел.

Четвртиот состанок на широкопојасната комисија поддржува нови широкопојасни цели и објавува глобален „широкопојасен предизвик“

Женева, 25 октомври 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Иановски како комесар во Широкопојасната комисија за дигитален развој учестуваше на Четвртиот состанок на комисијата на кој присуствуваа над 250 владини и стопански лидери од целиот свет и разменија мислења за предизвиците и можностите за „идното градење на широкопојасен интернет.“

- Mi.Sc Ivo Ivanovski - Minister of Information Society and Administration

- Dr Hamadoun Touré, ITU Secretary-General

Конференција за зајакнување на владеењето на правото

Скопје, 20 октомври 2011

На 19-ти и 20-ти октомври 2011 година, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржа Конференција на тема „Политика за подобра регулатива како инструмент за зајакнување на владеењето на правото“.

Промовирани обуки за софтвер наменет за Управниот инспекторат

Скопје, 19 октомври 2011

Денеска во просториите на Сивус едукативниот и развоен центар, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ги промовираше Обуките за користење на софтверот за управување со информациите и документите на Државниот управен инспекторат.

Oбраќање на министерот на конференцијата 9та СЕЕИТА и 8ми МАСИТ Отворени денови

Скопје, 18 октомври 2011

„Несомнено е дека информациско - комуникациските технологии се клучен фактор за развој на глобалното општество. Новите иновации во информациско – комуникациските технологии претставуваат најзначаен инпут за стимулација на економскиот развој на глобално ниво. Истовремено, истите ги менуваат нашите навики, ги менуваат начините на кои пристапуваме и го добиваме глобалното знаење, како работиме и како ни се автоматизираат работните процеси, како комуницираме, како размислуваме.

„100 електронски продавници за 100 македонски претприемачи“

Скопје, 17 октомври 2011

Една од причините за малиот пазар на електронска трговија во Република Македонија е малиот број на електронски продавници. Предуслови за постоење на такви електронски продавници постојат, односно не постојат никакви законски пречки за нивно функционирање. Единствено нешто што недостасува е техничко предзнаење за целокупниот процес, од воспоставување на систем за водење на нарачки, преку поврзување со процесор за плаќање со кредитни картички, до систем за поддршка и испорака.

Комитетот за реформи во јавната администрација предложи систем кој ќе го определува оценувањето на службениците

Скопје, 13 октомври 2011

Комитетот за реформи во јавната администрација при Владата на Република Македонија, денеска одржа состанок на кој се разгледуваше Стратегијата за реформи на јавната администрација и акционите планови за нејзина имплементација.

Потпишување на меморандум за разбирање

Скопје, 13 октомври 2011

Денес, 13.10.2011 година, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, се потпиша Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Македонија, претставувана од Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања м-р Владимир Пешевски и Ериксон АБ, преставуван од директорот за за Балканските држави г-дин Маурицио Де Доменицис.

Oдржана средба помеѓу ССК и министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски
Скопје, 06 октомври 2011

Во рамки на редовната соработка помеѓу министерот за информатичко општество и администрација и бизнис заедницата во Република Македонија, денес се одржа средба помеѓу Сојузот на стопански комори и министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски. На средбата министерот Ивановски ги презентираше заложбите на Владата и Министерството за развој на домашната економија и претстави неколку проект-концепти кон чија реализација ќе биде насочено Министерството за информатичко општество и администрација во следниот период.

Обука за раководствата на клучните институции во Република Македонија

Битола, 01 октомври 2011

Учењето и стручното усовршување се едно од основните начела на секоја професионална и модерна државна и јавна служба. Во таа насока и Владата на Република Македонија, ја дефинира обуката на највисокото раководство како стратешки исчекор кон полесно совладување на предизвиците и справување со промените со кои се соочува јавниот сектор во обидите да создаде ефикасна и ефективна служба со високи стандарди во управувањето.

Конференција на тема „Систем на компетенции во државната служба“

Скопје, 29 септември

Отворањето дискусија за најдобрите европски практики  во управувањето со човековиот капитал во државната администрација е основата цел на третата годишна конференција на Мрежата на сектори/одделенија за управување со човечките ресурси во државната служба на тема „Систем на компетенции во државната служба“, што денеска се одржува во Скопје.

Syndicate content