|
Конференција на тема „Информатичкото општество - иднината на Македонија“
Скопје, 29 септември 2011
Министерството за информатичко општество и администрација предлага нов концепт на т.н. „Отворени е услуги“ кој предвидува на секоја заинтересирана компанија, која ќе задоволи одредени технички и правни услови и стандарди, да и биде дозволено да изработува ИТ решенија преку кои ќе се нудат електронски услуги при тоа користејќи ги податоците на институциите преку строго дефинирани правила и стандарди.
Ивановски: Македонија напредува во однос на ИКТ како двигател на демократијата
Охрид, 26 септември
Република Македонија одлично напредува во однос на воведувањето на информатичките и комуникациските технологии како двигател на демократијата во државата и покрај тоа што изминатите две до три години имаше економска криза во регионот.
Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на отворањето на дводневната конференција за е-демократија 2011 на тема „Информатичка и телекомуникациска технологија, двигател на демократијата и транспарентноста“ која денеска почна во Охрид.
Развиеното информатичко општество помага во развој на е-демократијата
Скопје, 26 септември 2011
Република Македонија одлично напредува во однос на воведувањето на информатичките и комуникациските технологии како двигател на демократијата во државата и покрај тоа што изминатите две до три години имаше економска криза во регионот.
Почна втората фаза од обуките на шалтерските работници
Скопје, 21 септември 2011
Во рамки на владиниот проект „Поддршка на реформата на јавната администрација, јакнење на капацитетите и мерење на учинокот на напредокот“ финансиран од ЕК, денеска во Скопје почна втората фаза на обуки за шалтерските работници со која се опфатени подрачните единици надвор од главниот град.
Ивановски: Maкедонија - балкански лидер во информатичките технологии
Скопје, 14 септември 2011
Македонија е предводник во развојот на информатичкото општество во регионот, не само со проектите на Владата, туку и како резултат на соработката на академската фела со приватниот сектор. Нивната соработка треба да се зголемува што повеќе бидејќи на бизнисот му е потребно образовните институции да произведуваат квалитетни кадри кои ќе можат веднаш да се вклучат во работната сила во Македонија.
Ивановски: Очекуваме позитивен извештај за администрацијата
Скопје, 13 септември 2011
Очекуваме позитивен извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија во делот на реформите на јавната администрација, изјави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
Напредокот во тие реформи, по забелешките што беа упатени минатата година од Брисел, ќе го анализира специјалната група на Европската унија која го следи прогресот на Македонија во реформите во јавната администрација, при посетата во државава во четврток и во петок, информира Ивановски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната презентација на новиот систем за управување на Државниот управен инспекторат.
Државата обезбеди обука за 180 невработени лица
Скопје, 09 септември 2011
До крајот на годинава 180 невработени лица ќе имаат можност да поминат специјализирани, напредни обуки за работа со компјутери.
Конкурсот трае до 15-ти овој месец, а право да аплицираат, освен високообразовани, имаат и кандидати со завршено средно школо независно од возраста.
Промоција на најголемиот успех на информатичарите
Скопје, 19 август 2011
За само еден месец, македонските средношколци и основци се вратија со осум бронзени медали од меѓународни натпревари по информатика. Двајца од нив од Интернационалната олимпијада во Тајланд се вратија со бронзени медали, на која учествувале 300 информатичари од 90 земји, а вакви медали добиле и на Балканската олимпијада, која во јули се одржа во Романија.
Британска поддршка за реформи во јавната администрација
Скопје, 8 август 2011
Воведување нови политики и напредни техники за учење и развој на вработените во јавниот сектор со цел поттикнување на мобилноста во јавната службa и подобрување на организацијата на работата, е една од трите приоритени области на кои ќе работи во наредните две години Министерството за информатичко општество и администрација со поддршка на Британската влада.
Новини за поголема транспарентност при вработување во администрацијата
Скопје, 4 август 2011
Преку новини во тестирањето на кандидатите при вработување во државните институции ќе се зголемува транспарнетноста во овој процес. Ќе се применува и нов систем на мобилност од една во друга институција со што ќе се балансира суфицитот и дефицитот на кадрите.
Тоа го најави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски при денешната посета на Агенцијата за администрација.
Министерството за информатичко општество и администрација воведува ИСО 9001 стандард
Скопје, 3 август 2011
Министерството за информатичко општество и администрација почна процес за воведување ИСО 9001 стандардот преку кој најавува зголемување на задоволството на корисниците на услугите и на вработените.
- Сертифицирањето е дел од постојаните напори за реформа на јавната администрација и подобрување на нејзината ефикасност и ефективност. МИОА како главен носител на реформата ги поттикнува и сите државни и јавни институции да воведат такви стандарди, истакна денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
Македонија очекува позитивни оценки од Брисел за реформите во јавната администрација
Скопје, 26 јули 2011
- Македонија годинава ќе добие позитивен извештај од Европската комисија за реформите во јавната администрација бидејќи е направен голем напредок, оцени денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Ивановски по заокружувањето на Проектот за зајакнување на капацитетите на Одделението за реформа на јавната администрација, финансиран од Европската унија.
Министерот Иво Ивановски го промовираше уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните
Скопје, 06 јули 2011
Уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните, го промовираа министерот за информатичко општество и државна администрација Иво Ивановски и директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Маја Парнарџиева-Змејкова.
Таксена марка ќе се плаќа преку смарт телефон
Скопје, 05 јули 2011
Административната такса отсега ќе може да се плаќа на брз и едноставен начин преку новата апликација за мобилен телефон што денеска беше промовирана на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
Станува збор за апликација што ја поддржуваат Android, Blackberry i iPhone телефоните која овозможува со само три чекори да се изврши плаќањето. Услугата е достапна за сите граѓани, но и и за студентите кои преку неа ќе може да извршат плаќање на таксените марки.
Најава за промоција на апликацијата за плаќање на таксена марка
Скопје, 04 јули 2011
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, утре 5 јули (вторник) во 10:00 часот во просториите на Технолошкиот факултет во Скопје (во амфитеатарот) ќе ја промовира апликацијата за мобилен телефон за Android, Blackbarry и iPhone преку која на брз и едноставен начин ќе може да се изврши плаќање на административна такса.
Министерот Иво Ивановски во работна посета на Брисел
Брисел, 29 јуни 2011
Министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Ивановски денеска во Брисел пред членовите на надлежните директорати на Европската комисија за следење на приоритетните реформи во Република Македонија ги презентираше последните достигнувања во областите кои се во надлежност на ресорното министерство.
|
|
|