Министерството за информатичко општество и УСАИД ќе ја интензивираат соработката за проектот е-влада

Скопје, 02 јули 2009

Министерството за информатичко општество и УСАИД ќе ја интензивираат досегашната соработка. Тоа го официјализираа и со денешното потпишување Меморандум за разбирање чија цел е создавање услови за ефикасно спроведување на проектот е-влада и развој на електронските комуникации воопшто.

Во Охрид Трета регионална конференција за управување со информатичката технологија
Охрид, 27 мај 2009

Во Охрид денеска беше отворена Третата регионална конференција од областа на управувањето со информатичката технологија (итСМФ), на која учествуваат 50-тина експерти по информатичката технологија од земјите од регионот, повеќе други европски држави и од САД.

Министерот м-р Иво Ивановски член на глобалната ИКТ алијанса- Интегрален текст од прес-конференцијата на министерот
Скопје, 25 мај 2009

Почитувани претставници на медиумите
Македонија доби свој претставник во управувачкиот комитет на глобалната алијанса за ИКТ и развој при Обединетите Нации!!!
Дозволете ми на кратко да ви образложам што е Глобалната Алијанса и како функционира.

Одржана јавна расправа за предлог Законот за електронско управување
Скопје, 21 мај 2009

Заменик министерот за информатичко општество проф. д-р Мирјана Секуловска и работната група за проектот Интероперабилност на регистрите и базите на податоци во државните институции одржаа јавна расправа во Владата на Република Македонија за предлог Законот за електронско управување.

Државата ќе субвенционира поставување мрежа за безжичен интернет на 680 локации во руралните средини
Скопје, 05 мај 2009

Државата ќе спроведе проект со кој на 680 локации во руралните средини ќе биде поставена инфраструктура за пренос на безжичен интернет. На утврдените ви - фи точки ќе се постави по еден интернет киоск со по еден компјутер и безжична антена, со дострел од 100 до 150 метри, а жителите на селата ќе можат во наредните четири години да користат бесплатен интернет.

Службена посета на министерот Иво Ивановски на Република Хрватска
Загреб, 24 април 2009

Делегација предводена од Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски на 24.04.2009 година оствари еднодневна официјална посета на Загреб, Република Хрватска. На истата беа остварени средби со  министерот за образование наука и спорт, проф. Д-р Драган Приморац, со државниот секретар во министерство за финансии Ивана Малетиќ и со државниот секретар во  средишниот државен уред за е- Хрватска, Игор Лучиќ.


Најавен проект за поголема употреба на македонски зборови од ИКТ технологијата
Скопје, 09 април 2009

Преку нов проект „Користи македонески зборови“ Министерството за информатичко општество ќе спроведе активности за поголема употреба на македонски зборови од областа на информатичката технологија во секојдневната комуникација и на македонски кирилични фонтови во работењето со компјутер. Преоктот, што го најави денеска министерот за информатичко општетсво Иво Ивановски, опфаќа две мерки. Со првата се предвидени активности за изработка на лексикон на зборови од ИКТ, а со втората изработка на македонски кирилични фонтови.

Во ТЦ „Лептокарија“ промовирани два проекта од информатичката технологија
Скопје, 01 април 2009

Mинистерот за информатичко општество Иво Ивановски, вицепремиерот Зоран Ставрески и в.д. градоначалникот на општина Карпош Сашо Димиќ во Трговскиот центар „Лептокарија“ денеска промовираа два проектa од информатичката технологија.  

Заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска на значајни ИКТ средби во Софија, Р. Бугарија

Софија, 30-31 март 2009

Заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска, со делегација од Министерството за информатичко општество - МИО, во својата дводневна работна посета во Софија, оствари многу значајни ИКТ средби во државните институции за информатички технологии и телекомуникации на Р. Бугарија.

Промовиран системот СУПЕР КОМПЈУТЕР во државната администрација
Скопје, 27 март 2009

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска го пушти во употреба системот Супер компјутер во државната администрација. На промоцијата беа презентирани способностите и целите за користење на системот набавен од Министерството за информатичко општество на јавен повик.

Презентирани обуките за оперативниот систем ЕДУБУНТУ во средното училиште „Лазар Танев“
Скопје, 26 март 2009

Во средното училиште „Лазар Танев“ денеска беа презентирани обуките за оперативниот систем ЕДУБУНТУ, кои почнаа минатото лето, а ги поминаа околу 200 професори по информатика. Софтверот поседува голем број отворени апликации кои може да се преземат од интернет и да се применуваат во наставата. Тој се користи во модерните образовни центри во Европа и во САД.

Пуштен во работа новиот Информационен систем за гранично управување
Скопје, 26 март 2009

Доколку инсталирањето на видео надзорот и формирањето на Дежурниот Центар за Состојби беа очите и ушите, тогаш Информациониот систем е крвотокот на Националниот координативен центар за гранично управување. Истиот треба да ги храни со информации сите институции задолжени за контрола и проток на патници и стоки преку државните граници. Сето тоа треба да вроди со значително скусување на времето за влез и излез од земјава, како и целокупната гранична контрола и процедура.

Заманик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска во еднодневна посета на Република Словенија
Љубљана, 26 март 2009

Во рамки на билатералната соработка меѓу Република Словенија и Република Македонија, денес заменик министерот за информатичко општество Секуловска се наоѓа во работна посета на министерството за јавна администрација на Р. Словенија и во посета на Јавната установа ARNES.

 

Прв состанок на Националниот совет за информатичко општество

Скопје, 18 март 2009

Новоформираниот Национален совет за информатичко општество, кој има цел унапредување на состојбите во Македонија во оваа сфера, денеска ја одржа својата прва конститутивна седница.

Учество на министерот Ивановски на 10-тата јубилејна Конференција за електронско управување

Софија, Р. Бугарија, 11 март 2009

На 11 и 12 март 2009 година, во Софија се одржа 10-тата јубилејна Конференција за електронско управување, во организација на ICT Мedia, Министерство за државна администрација и технологии и информации на Република Бугарија.



ИКТ пазарот во Македонија лани порасна за 63 проценти

Скопје, 09 март 2009

Пазарот на информатичко-комуникациските технологии во Македонија минатата година пораснал за 63 проценти. За можноста таквиот тренд да продолжи и годинава, и покрај глобалната економска криза, денеска разговараа министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски и претставници на ИКТ компаниите во земјава.

Syndicate content