Заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска во дводневна работна посета во Естонија

Талин, 05 март 2009

Заменик министерот Секуловска заедно со претставници од другите министерства и државни институции на Република Македонија, во текот на вчерашниот и денешниот ден се наоѓаат во работна посета во Република Естонија.
За време на посетата реализирани се значајни работни средби со претставници на Државниот центар за информатика, Центарот на регистри и информациски системи на Естонија, Естонскиот е-влада демо центар, Министерсвото за правда, Министерството за внатрешни работи.

Службена посета на министертот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски на Словенија

Љубљана, 26 февруари 2009

Министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски на 26.02.2009 (четврток) за време на службената посета на Словенија, имаше деловна вечера со Министерот за јавна управа на Словенија, г-ѓа Ирма Павлинич Кребс. На вечерата беа присутни и државниот секретар од Министерството за јавна управа д-р Бранко Лобникар и државниот секретар од Министерството за високо образование д-р Јозеф Гиоркос.

Отворена работилница на тема: Проекти е-влада во Македонија и најдобри ЕУ практики ( искуство од Словенија )

Скопје, 20 февруари 2009

Заменик министерот за информатичко општество, д-р Мирјана Секуловска, денес во 9:00 часот, во хотелот Арка ја отвори работилницата организирана од Секретаријатот за европски прашања во рамките на ГОФРЕ проектот компонента 5: ИТ рамка за поддршка на НПАА и процесот на европска интеграција поддржан од Британската амбасада.

Активности за превенција и справување со последици од сајбер тероризам

Скопје, 12 февруари 2009

Заради започнување со активности за превенција и справување со акти на компјутерски поддржан тероризам ( cyber terrorism ),  денес се одржа работна средба на која присуствуваа министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски, директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Љупчо Тодоровски, директорот на Центарот за управување за кризи, д-р Панде Лазаревски и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Петар Иваноски.  

Дигитализација на наставните содржини во основното и средното образование

Скопје, 21 јануари 2009

Владата наскоро ќе распише тендер за програми за електронски содржини по шест наставни предмети во основното и средното образование - историја, географија, математика, физика, хемија и биологија, на четирите наставни јазици во Македонија - македонски, албански, турски и српски јазик.  

Нови 15 бесплатни интернет клубови

Скопје, 20 декември 2008

Владата на Република Македонија ќе отвора нови бесплатни интернет клубови во 15 градови во земјата со цел приближување информатичките, информативни и интернет технологии до граѓаните, најави денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски.


Меѓународна конференција „Информатичко комуникациски технологии во образованието“

Скопје, 10 декември 2008

Во организација на Фондацијата за одржливи информатички решенија „Метаморфозис“ денеска во Скопје се одржа Четврта меѓународна конференција на тема „Информатичко комуникациски технологии во образованието“, на која беа разменети искуства, добри практики и идеи за идни активности насочени кон зголемување на степенот на развој и ефикасноста на системот на основно, средно и универзитетско образование.

Oтворен WEB-DEP форумот на МИА во Бест Вестерн

Скопје, 03 декември 2008

Заменикот министер за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска денес во Бест Вестерн во 11.00 часот ја отвори работилницата организирана од страна на Новинската агенција МИА по повод WEB-DEP форумот кој е реализиран во соработка со Новинската агенција на Србија ТАНЈУГ и Албанската новинска агенција АТА.

Конференција за најновите достигнувања во мрежните и иновативните комуникациски технологии на Cisco

Скопје, 26 ноември 2008

Cisco Expo Македонија 2008 година е насловот на дводневната конференција што почна денеска во Скопје, а на која ќе бидат преставени најновите достигнувања во мрежните технологии. Конференција ја отвори министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски кој зборуваше за важноста на информатичко-телекомуникациската технологија во надминување на глобалната финансиска криза.

Министерот Ивановски во владиниот тим предводен од премиерот Груевски во САД

Скопје, 10 ноември 2008

Македонска владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски престојува во еднонеделна работна посета на Соединетите Американски Држави каде што ќе учествува на бизнис форумите во Сан Франциско и Чикаго на кои ќе ја презентира Македонија како инвестициска дестинација.


Отчет на Министерството за информатичко општество за изминатите сто дена

Скопје, 05 ноември 2008

Министерот Иво Ивановски во отчетот за првите сто дена од работата на Министерството за информатичко општество на прес-конференција соопшти дека во рамки на проектот „Компјутер за секое дете“ средните училишта имаат комплетна комуникациска инфраструктура и компјутер пред секој ученик и во сите е поставена интернет-конекција со четирикратен побрз пристап до информациите.

Министерот Ивановски и амбасадорот Бергант одржаа предавања за Европската унија

Битола, 16 октомври 2008

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и словенечкиот амбасадор Алан Бергант, денес пред учениците од гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола одржаа предавање на тема „Учиме за ЕУ“.

Владата и годинава ќе доделува вредносни ваучери за компјутери на апсолвентите

Скопје, 15 Октомври 2008

Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество во рамки на проектот „Македонија-земја на информатичари“ одлучи да спроведе програма за доделување вредносни ваучери како директна субвенција при купување компјутери.


Посета на основните и средните училишта

13 Октомври 2008

На 13.10.2008 година заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска беше во посета на општина Ресен.
Беше остварена средба со директорите и вработените на двете основни училишта во Ресен и се разговараше за проектот “Компјутер за секое дете”.


Конференција „Визија“ на „Мајкрософт“ по шести пат

Скопје, 1 октомври 2008

Новите технологии и нивните успешни имплементации на локално ниво ќе бидат во фокусот на вниманието на шестата конференција на Мајкрософт „Визија“, што почна денеска во Скопје.
На учесниците на конференцијата во име на Владата им се обрати министерот за информатичко општество Иво Ивановски кој укажа на придобивките од користењето на најновите технолошки достигнувања и нивното влијание на развојот на економијата.

Поздравен говор за ИБМ

Скопје, 24 Септември 2008

Заменик министерот за информатичко општество, д-р Мирјана Секуловска на 24 септември во Александар Палас во Скопје, со поздравен говор ја отвори церемонијата за свеченото отворање на Претставништвото на  мултинационалната компанија ИБМ во Македонија.


Syndicate content