|
Шеста конференција на асоцијацијата СЕЕИТА
Охрид, 22 Септември 2008
Заменикот Министер за информатичко општество, д-р Мирјана Секуловска, на 22 септември, со поздравен говор ја отвори шестата конференција на Асоцијацијата СЕЕИТА, во организација на Македонската комора за информатичка технологија, МАСИТ. Д-р Секуловска во својот поздравен говор, пред 200 експерти од 13 земји од регионот на Југоисточна Европа, срдечно ја поздрави иницијативата и напорот за организирањето на една конференција од ваков тип и воедно се заложи за понатамошно продолжување на веќе шестгодишната традиција.
Проектите на МИО пред бугарската и македонската бизнис заедница
Скопје, 20 Септември 2008
Заменикот Министер за информатичко општество, д-р Мирјана Секуловска, се обрати на Македонско- бугарскиот бизнис форум, кој се одржа на 20 септември во х. Холидеј Ин. Заменик министерот, конкретно, се обрати на третата сесија која се однесуваше на Развојот на висока технологија и инфраструктура.
Студенстките домови до крајот на годината со интернет пристап
Скопје, 17 септември 2008
Министерот за информатичкo општество Иво Ивановски попладнево го посети студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ за да ја разгледа состојбата за поставување комуникациска мрежа во домовите, со што сите студенти би имале интернет пристап.
Годишните сметки за 2008 година по електронски пат ќе можат да се испратат до Централниот регистар
Скопје, 17 септември 2008
Правните лица годишните сметки за 2008 година по електронски пат ќе можат да ги испратат до Централниот регистар, најави министерот за информатичко општество Иво Ивановски по дненешната посета на оваа институција.
Ивановски: 90 проценти од училиштата ги користат компјутерите, во останатите директорите не ги вклучуваат
Скопје, 14 септември 2008
 Деведесет проценти од училиштата во земјава веќе ги користат компјутерите поставени за следење на наставата, а оние 10 проценти каде не се вклучени, министерот за информатичко општество Иво Ивановски посочи дека за тоа се задолжени директорите и апелираше до нив да ги вклучат за учениците да можат побрзо да напредуваат.
Министерот Ивановски и вицепремиерот Боцевски во посета на Националниот координативен центар за гранично управување
Скопје, 14 септември 2008
 Македонија го исполни и третиот услов за целосна либерализација на визниот режим со отварање на Националниот координативен центар за гранично управување, рече на денешната прес - конференција заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски при посетата на Центарот со министерот за информатичко опшество Иво Ивановски.
Македонска делегација на саемот ЦИФИТ во НР Кина
Хиамен, НР Кина, 9 Септември 2008
Македонска делегација предводена од министерот за информатичико општество М-р Иво Ивановски присуствува на 12-тиот саем за инвестиции и трговија ЦИФИТ, што се одржува во Хиамен, Народна Република Кина.
Средните училишта од денеска поврзани во единствена комуникациска мрежа
Скопје, 1 септември 2008
- Од денеска сите средни училишта во Македонија се поврзани во единствена комуникациска мрежа, а секој ученик пред себе ќе има компјутер што ќе го користи во наставата, изјави министерот за информатичко општество Иво Ивановски по посетата на скопското средно училиште „Јосип Броз-Тито“, по повод одбележување на крајот на инсталацијата на компјутерската опрема во средните училишта во рамки на проектот „Компјутер за секое дете“.
Доделување на дипломи во Куманово
Куманово, 27 август 2008
Продолжува реализацијата на обуките за користење на компјутери за сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, како дел од кампањата „Македонија – земја на информатичари“ . На 27 Август 2008 во Куманово замeник министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска ги додели дипломите на лицата кои успешно ги завршија бесплатните обуки за работа со компјутери.
Електронски систем за следење документи во владините институции
Скопје, 14 Август 2008
 До крајот на 2009 година Владата ќе воведе електронски систем за следење и раководење со документи што ќе ги поврзе сите владини институции - министерства, секретаријати и дел од министерските органи, најави денеска министерот за информатичко општество Иво Ивановски.
Е-системот ќе има голем број модули што ќе овозможат лесно пребарување на документите и нивно автоматизирано архивирање во централна база, верзирање со кое ќе се регистрираат измените на документите, зачувување на оригиналниот документ и сите негови надградби.
ИТ компании од Естонија заинтерсирани за соработка со македонските фирми
Скопје, 02 Јуни 2008
Естонски компании од областа на ИТ секторот се заинтересирани за соработка со македонски ИТ компании. Претставници на 20-тина компании, кои присуствуваа на Конференцијата организирана од министерот за инфорамтичко општество М-р Иво Ивановски денеска во Скопје, ги презентираа своите програми и цели.
Инсталирани 550 компјутери во средно училиште во Прилеп
Прилеп, 29 Мај 2008
Над 500 компјутери денеска се ставени во функција во средното електромашинско училиште „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп. - Денеска се инсталирани 550 компјутери од вкупно 2.600 кои ќе бидат во функција во петте средни училишта во Прилеп до крајот на идната недела. Над 4.000 средношколци во петте прилепски училишта ќе можат функционално да ги употребуваат во наставата, изјави Иво Ивановски, министер без ресор задолжен за информатичкото општество.
Во рамки на проектот „Компјутер за секое дете“ поставени 800 компјутери во средното економско училиште во Гостивар
Гостивар, 26 Мај 2008
На пригодна свеченост во Средното општинско економско училилиште во Гостивар денеска беа ставени во функција 800 компјутерски работни станици, како дел од проектот на Владата „Компјутер за секое дете“.
Конференција на информатичко општество i2010- Брдо, Словенија
Брдо, 14 Мај 2008
На 13-14 мај 2008 година во Брдо кај Крањ се одржа Конференција за информатичко општество “i2010 Conference – Information Society at a Crossroads”. На конференцијата која се одржа во рамките на словенечкото претседателство со ЕУ учествуваа министри за образование, наука и информатичко општество од земјите – членки на ЕУ и земјите – кандидати.
Делегацијата од РМ ја предводеше министерот без ресор за развој на информатичко општество во Владата на Република Македонија, м-р Иво Ивановски.
UNDP ги презентираше резултатите од демо студијата со ХО лаптопите во основното образование пред министерот Ивановски
Скопје, 05 Мај 2008
 Тимот од UNDP кој ја спроведуваше неколкумесечната OLPC (One Laptop Per Child) демо студија во две основни училишта во Скопје, денес пред Министерот без ресор задолжен за информатичко општество, М-р Иво Ивановски и пред претставници од Министерството за образование и наука го презентираше извештајот од студијата.
Министерот Ивановски го претстави петтото целосно компјутеризирано училиште
Битола, 29 Април 2008
Министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски со градоначалникот на Битола г-дин Владимир Талески на 29.04.2008 го посетија средното училиште „Таки Даскало“, кое во рамките на проектот „Компјутер за секое дете“ е петто целосно компјутеризирано училиште во Македонија.
|
|
|