Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2011 година, во периодот април – ноември, организира циклус од 4 дводневни обуки на тема “Системот на јавната администрација и државна служба во Република Македонија“.