Набавка за изработка на е-курсеви за обука

Скопје, 18 февруари 2013

 

Центарот за управување со промени во рамките на проектот Поддршка на реформите на јавната администрација (финансиран од Британската Амбасада фонд ДИВ) кој се реализира во Министерството за информатичко општество и администрација, а врз основа на Договорот за грант испраќа:

 

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ТОР/04/2013
за ангажирање на правен субјект за изработка на е – курсеви за учење

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА ПВР

Скопје, 10 јануари 2013

 

Центарот за управување со промени во рамките на проектот “Унапреден регулаторен процес во Mакедонија”, поддржан од страна на Британската амбасада во Скопје објавува: „Повик за консултантски услуги за примена на проценка на влијанието на регулативите (ПВР) врз подзаконски акти.“

К О Н К У Р С за избор на 50 најдобри е-бизнис планови за отворање на електронската продавница

 

Скопје, 19 декември 2012

 

На барање на бизнис заедницата рокот за поднесување на апликациите за конкурсот за избор на 50 најдобри е-бизнис планови за отворање на електронска продавница, се продолжува до 30 јануари 2013 година.

 

Министерство за информатичко општество и администрација ги повикува сите претприемачи кои имаат намера за отпочнување и развој на бизнис во областа на електронската трговија, да конкурираат на овој Конкурс со свои бизнис планови.

 

Најдобрите 50 претприемачи ќе добијат своја веб продавница и бесплатно хостирање во времетраење од една година.

МИОА упати јавен повик за пријавување на институции во кои ќе се спроведе CAF моделот

Скопје, 18 декември 2012

Со одржувањето на денешната Конференција “Управување со квалитетот во јавниот сектор - Заедничка рамка за оценка - CAF”, Министерството за информатичко општество и администрација го одбележа почетокот на воведувањето на европскиот стандард за квалитет во работењето и управувањето на институциите во Република Македонија, познат како Заедничка рамка за оценка, односно Common assessment framework.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За поднесување барања за посетување  на прва почетна обука за проценувачи од областа Информатичка технологија

 

Скопје, 10 декември 2012

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на прва почетна обука за овластен проценувач да поднесат барање за посетување прва почетна обука за овластен проценувач од областа на Информатичка технологија.

ОГЛАС

Скопје, 15 ноември 2012

ОГЛАС

за прибирање на понуди за закуп на деловен простор

 

Министерството за информатичко општество и администрација објавува оглас за прибирање на понуди за изнајмување на деловен простор под закуп, во централното градско подрачје на Скопје.

Проект за доделување на вредносни бонови – ваучери на студенти

Скопје, 12 ноември 2012

СООПШТЕНИЕ
Почитувани студенти, поради зголемен интерес на студентите за набавка на лаптоп, десктоп или таблет со вредносен бон ваучер, Владата на Република Македонија преку Министерството за информатичко општество и администрација го продолжува рокот за спроведување на активностите предвидени со Проектот вредносни бонови - ваучери за набавување на компјутери за потребите на редовните студенти до 30 Ноември 2012 година.

 

Како дел од пакетот на економско - социјални мерки, Владата одлучи да го прошири Проектот и со доделувањето на ваучерите да им излезе во пресрет на редовните студенти, државјани на Република Македонија од социјално загрозените семејства, кои за прв пат се запишале во било која година на прв циклус на студии во учебната 2012/2013 година на високообразовните установи во Република Македонија и на студентите евидентирани како лица со посебни потреби..

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на волонтери

Скопје, 12 септември 2012

 

Министерство за информатичко општество и администрација, врз основа на Програмата за волотирање за 2012 година, објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНО ДОМУВАЊЕ

Скопје, 06.09.2012

 

Центарот за управување со промени во рамките на проектот “Унапреден регулаторен процес во Македонија”, поддржан од страна на Британската Амбасада во Скопје објавува: „Повик за консултантски услуги за стручна експертиза при спроведување на процесот на ПВР за проблем од областа на социјално домување “. Рокот за доставување на понуди е продолжен до 25.09.2012 година.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ОД ОБЛАСТА НА ПВР

Скопје, 06.09.2012

 

Центарот за управување со промени во рамките на проектот “Унапреден регулаторен процес во Македонија”, поддржан од страна на Британската Амбасада во Скопје објавува: „Повик за консултантски услуги за спроведување на Проценка на влијание на регулативата (ПВР) во областите на занаечиство и социјално домување, изработка на матрица за пресметка на трошоци според Standard Cost Model (SCM) и обука за техники и методи за проценка на придобивки и трошоци при спроведување на ПВР“

Проценители од областа на информатички технологии

Скопје, 16 јули 2013

 

Листа на кандидати кои го положија стручниот испит за проценители од областа на информатички технологии, кој се одржа на 04.07.2013 година:

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на волонтери

Скопје, 29 јуни 2012

 

Министерство за информатичко општество и администрација, врз основа на Програмата за волотирање за 2012 година, објавува

Известување

За поднесување барања за првото полагање на стручниот испит за проценувачи од областа Информатичка технологија

Скопје, 06 јуни 2012

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за прво полагање на испит за овластен проценувач да поднесат барање за првото полагање на стручниот испит за овластен проценувач од областа на Информатичка технологија.

Оглас за селекција на 12 идни обучувачи во областа на законодавството и изработка на прописите

 

Министерството за информатичко општество и администрација и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на 2012 година го спроведуваат проектот насловен како „Изготвување на прописи и ex-post евалуација на законодавството.“ Преку првата компонента од проектот ќе  се спроведе нов циклус на обуки наменет за државните службеници, чија главна цел е јакнење на капацитетите на администрацијата во областа на создавањето, спроведувањето и евалуацијата на законодавството.

Известување

За поднесување барања за посетување  на прва почетна обука за проценувачи од областа Информатичка технологија

Скопје, 10 април 2012

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на прва почетна обука за овластен проценувач да поднесат барање за првото полагање на стручниот испит за овластен проценувач од областа на Информатичка технологија.

РЕЗУЛТАТИ од спроведеното тестирање за вклучување во Обука за напредни вештини од областа на ИТ

Скопје, 27 јануари 2012

 

Syndicate content