Најава : Арсовска Томовска на презентација на проект пред членки на МАСИТ

Скопје, 17 октомври 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес, 17 октомври 2013 година, во 11.00 часот, ќе присуствува на презентацијата на Проектот за ангажирање на странски експерти во македонски компании пред членки на МАСИТ.

Најава : Министерот Ивановски во работна посета на Охрид

Скопје, 9 октомври 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 9 октомври 2013 година, ќе престојува во работна посета на Охрид, при што во 11.00 часот, во зградата на локалната самоуправа ќе оствари средба со градоначалникот на општината Никола Бакрачески.

Најава : Актуелната реформа на инспекциските служби

Скопје, 4 октомври 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 5 октомври 2013 година, сабота, заедно со заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија, Пецо Грујовски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Република Македонија, Живко Митревски, ќе одржи прес конференција на тема „Актуелната реформа на инспекциските служби„.

Настанот ќе се одржи во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, со почеток во 10.00 часот.

Министерот Ивановски во работна посета на Црна Гора

Будва, 3 октомври 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 3 октомври 2013 година, ќе престојува во работна посета на Црна Гора, при што со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Вујица Лазовиќ и потпретседателот на Владата на Република Србија, Расим Љајиќ, ќе потпише Спогодба за соработка во областа на информациско–комуникациските технологии меѓу трите земји.

Најава за прес-конференција

Скопје, 24 септември 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, на 25 септември 2013 година, среда, во 11.00 часот, ќе одржат заедничка прес-конференција по повод освоените медали на македонските ученици на Балканската олимпијада по информатика во Босна и Херцеговина и на македонските информатичари на Интернационалната олимпијада по информатика во Австралија.

Настанот ќе се одржи во Министерството за образование и наука.

Ивановски на Oсмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Њујорк

Скопје, 21 септември 2013

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 21 септември 2013 година, сабота, ќе учествува на Осмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој се одржува во Њујорк.

Покрај бројните билатерални средби, министерот Ивановски ќе потпише Меморандум за разбирање во областа на информатичката технологија за земјоделски услуги, со потпретседателот на корпорацијата Интел, Џон Дејвис.

Со Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој претседава нејзиниот претседател, Карлос Слим.

Најава : Промоција на системот Е-потсетник

Скопје, 18 септември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 19 септември 2013 година, четврток, во 10.00 часот, ќе го промовира системот на Е-потсетник, кој им овозможува на граѓаните добивање информации за услуги од различни институции.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Ивановски во работна посета на Крушево

Скопје, 13 септември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес ќе престојува во работна посета на Крушево. Во 15.00 часот, во зградата на локалната самоуправа, тој ќе оствари средба со градоначалникот на општината, Ѓорѓи Дамчески.

Потоа министерот Ивановски ќе го посети бесплатниот интернет клуб во Крушево.

Најава : Арсовска-Томовска во посета на локалната самоуправа во Гостивар

Скопје, 12 септември 2013

Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 13 септември 2013 година, петок, во 11.00 часот, ќе оствари работна средба со градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта.

Средбата ќе биде во знакот на реализацијата на тековните проекти во надлежност на министерството, а ќе се одржи во зградата на локалната самоуправа во Гостивар.

Најава : Меѓународна конференција „ИКТ иновации 2013“ во Охрид

Скопје, 12 септември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 13 септември 2013 година, петок, во 10.00 часот, ќе се обрати на отворањето на Меѓународната конференција „ИКТ иновации 2013“, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Целта на конференцијата е да промовира резултати од научни истражувања на меѓународната заедница, поврзани со иновативни основни и апликативни истражувања.

Најава : Промоција на електонски содржини за учење

Скопје, 2 септември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, и амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Кристофер Ивон на 3 септември 2013 година, вторник, ќе оддржат прес конференција за промоција на е-содржини за учење во рамките на проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација“.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, со почеток во 11.00 часот.

Најава : Промоција на новиот систем за регистрација на поддомени во .mk зоната

Скопје, 28 август 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Македонската академска истражувачка мрежа, МАРнет, Сашо Димитријоски на 29 август 2013 година, четврток, ќе го промовираат новиот систем за регистрација на поддомени во .mk зоната.

Прес-конференцијата ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, со почеток во 10.00 часот.

Состанок на Големото жири во Талин, Естонија

Талин, 28 август 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, од 28 до 31 август 2013 година, ќе учествува на состанокот на Големото Жири за Светската награда за најдобра и најкреативна е-содржина, кој се одржува во Талин, Естонија.

На покана на Светскиот самит за информатичко општество (WSIS), организиран од Обединетите Нации и Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), Арсовска Томовска, по втор пак ќе ја претставува Република Макеоднија како член на Големото Жири.

Најава : Промоција на проектот за асистивни уреди

Скопје, 26 август 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 27 август 2013 година, вторник, ќе оствари средба со Директорот на УСАИД, Џим Стејн, во рамките на процесот за промоција на проектот за асистивни уреди. На состанокот ќе учествува и Владимир Лазовски од Здружението „Отворете ги прозорците„.

Прес-конференцијата ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, со почеток во 10.00 часот.

Најава за прес-конференција

Скопје, 12 август 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 12 август, понеделник, во 11.30 часот, ќе одржи прес-конференција за активностите околу двата закона за медиуми. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Јавна расправа за Нацрт-законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 10 август 2013

Во рамките на процесот за јавни консултации за Нацрт-работните верзии на Законот за медиуми и на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Министерството за информатичко општество и администрација, на 13 август 2013 година, вторник, во 10.00 часот, во хотелот „Холидеј Ин„ во Скопје, ќе одржи јавна расправа на која ќе бидат разгледани сите забелешки и предлози по однос на Нацрт-текстовите.

Syndicate content