Најава за прес-конференција

Скопје, 7 август 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 7 август 2013 година, во 12.00 часот, ќе одржи прес-конференција за спроведувањето на проектот „Таен клиент„ како инструмент за истражување на квалитетот на услугите во институциите на системот. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Јавни расправи за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 29 јули 2013

На 30 јули 2013 година, вторник, во 11.00 часот, во салата „Борис Трајковски„ во Собранието на Република Македонија, ќе се одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за медиуми

Најава : Потпишување на Меморандум за соработка со британската амбасада

Скопје, 15 јули 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Кристофер Ивон, ќе потпишат Меморандум за соработка за финансирање на проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација“.

Настанот ќе се одржи на 16 јули 2013 година, вторник, во 11.30 часот, во Министерството за информатичко општество и администрација.

Прес-конференција за Законот за медиуми

Скопје, 15 јули 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 15 јули 2013 година, со почеток во 12.00 часот, ќе одржи прес конференција за Нацрт-работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Потпишување на заедничко писмо за спроведување на ЕУ роаминг регулативата

Скопје, 02 јули 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации на Србија, Расим Љаиќ и министерот за информатичко општество и телекомуникации на Црна Гора, Вујица Лазовиќ, ќе потпишат заедничко писмо до Европската комисија и Дирекцијата за комуникациски мрежи, содржини и технологии на ЕУ, за спроведувањето на роаминг регулативата.

Настанот ќе се одржи на 3 јули 2013 година, среда, со почеток во 11.40 часот, во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Министерот Ивановски во посета на бесплатните обуки за изработка и објава на содржини на Википедија

Скопје, 20 јуни 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 20 јуни 2013 година, четврток, во 12.00 часот, ќе го посети интернет клубот во Скопје, каде што се реализираат бесплатните обуки за изработка и објава на содржини на Википедија.

Настанот ќе се одржи во бесплатниот интернет клуб на улица Македонија.

Најава : Национална конференција во Охрид

Скопје, 18 јуни 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 19 јуни, среда, со почеток во 15.30 часот, со воведно обраќање, ќе ја отвори Националната конференција за структурирање на дијалогот меѓу Владата и граѓанските организации која се одржува во хотел Метропол, Охрид.

Целта на оваа конференција е да се создаде форум за дебата во поширок круг на граѓански организации и други релевантни чинители за дијалогот меѓу граѓанските организации и Владата, со цел да се најдат начини за негово понатамошно структурирање и ефективно зајакнување.

Најава : Промоција на апликацијата “Види, Пријави, Поправи”

Скопје, 17 јуни 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 18 јуни 2013 година, вторник, во 11.00 часот, ќе се обрати на Промоцијата на апликацијата “Види, Пријави, Поправи”, која е дел од активностите на UNDP проектот за зајакнување националните и локалните системи на интегритет.

Целта на проектот е зголемена транспарентност и отчетност на општините кон граѓаните и подобрување на услугите што општината ги дава.

Настанот ќе се одржи во просториите на општина Аеродром.

Состанок на комитетот за стабилизација и асоцијација во Брисел

Брисел, 13 јуни 2013

Министерот за информатичко општество и администрација , Иво Ивановски , на 13 и 14 јуни 2013 година во Брисел, учествува на Десеттиот состанок на комитетот за стабилизација и асоцијација.

На состанокот ќе се разговара за постигнатиот напредок во електронските комуникации и информатичкото општество.

Министерот Ивановски ќе оствари средба и со Европскиот комесар Штефан Фуле , на која ќе се разговара за новиот Закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за администрација.

Најава : Свеченост на плоштадот „Македонија„ по повод почетокот на дигитализацијата на телевизите

Скопје, 30 мај 2013

По повод успешно спроведениот процес на дигитализација на националните и на регионалните телевизии во Република Македонија, односно замената на аналоген со дигитален сигнал, на 31 мај 2013 година (петок), на плоштадот „Македонија„ во Скопје, со почеток во 21.30 часот, ќе се одржи свеченост.

На настанот со поздравни говори ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, главниот извршен директор на операторот ОНЕ, Цирил Кафол, директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски и претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Трајчевски.

Најава : Прес-конференција за процесот на дигитализација

Скопје, 27 мај 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Трајчевски и главниот извршен директор на операторот ОНЕ, Цирил Кафол, ќе одржат заедничка прес-конференција по повод почетокот на процесот за дигитализација на телевизиските станици и начинот на кој домаќинствата ќе се приклучат.

Настанот ќе се одржи на 28 мај 2013 година, вторник, со почеток во 10.30 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Најава : Доделување на дигитални ресивери на корисници на социјална парична помош

Скопје, 22 мај 2013

Министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Иво Ивановски и Спиро Ристовски и извршниот директор на Македонската радиотелевизија, Марјан Цветковски, ќе доделат дигитални ресивери на корисници на социјална парична помош, во рамките на процесот за дигитализација на телевизиските станици во Република Македонија.

Настанот ќе се одржи на 23 мај 2013 година, четврток, во 11.00 часот, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз„ во Скопје.

Најава : Доделување на Сертификат на Царинската Управа

Скопје, 21 мај 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на директорот на Царинската Управа, Ванчо Каргов, ќе му го врачи Сертификатот за функционалност на информацискиот систем МАКЦИС, наменет за обработка на царински декларации.

Настанот ќе се одржи на 22 маj 2013 година, среда, со почеток во 10.00 часот, во Царинската Управа на Република Македонија.

Најава за прес-конференција

Скопје, 20 мај 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 20 мај 2013 година, понеделник, во 12.00 часот, ќе одржи прес-конференција за отпочнувањето на ИПА проектот финансиран од ЕУ за техничка помош на МИОА, во делот на зацврстувањето на националниот систем за координација на обуките. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Министерот Ивановски на Светскиот самит за информатичко општество 2013 во Женева

Скопје, 12 мај 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 13 до 17 мај 2013 година, ќе учествува на Форумот на Светскиот самит за информатичко општество 2013, кој ќе се одржи во Женева, Швајцарија. Самитот претставува најголемиот светски годишен собир во развојот на Информатичките комуникациски технологии (ИКТ).

Најава за прес-конференција

Скопје, 10 мај 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 11 мај 2013 година, сабота, во 12.00 часот, ќе одржи прес-конференција за процесот на дигитализација на телевизиските станици во Република Македонија. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Syndicate content