Најава : Обука за заштита од хакирање на социјалните мрежи

Скопје, 09 мај 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 10 мај 2013 година, петок, во 13.30 часот, ќе учествува на практичната обука за запознавање на можностите и начините за хакирање на социјални мрежи, на која ќе има свое обраќање во рамките на кампањата „Сурфај безбедно„.

Обуката е во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а во соработка со CyberSecurity.mk и МВР.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Технолошко- металуршкиот факултет во Скопје.

Меѓународен „Ден на девојките во технологијата 2013“

Скопје, 7 мај 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 8 мај 2013 година, среда, во 12.00 часот, ќе учествува на одбележувањето на Меѓународниот „Ден на девојките во технологијата 2013“ (Girls in ICT 2013), во рамките на кој ќе има свое обраќање. Иницијативата е поддржана од Обединетите Нации и Меѓународната телекомуникациска унија.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Најава : Промоција на електронска продавница

Скопје, 24 април 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 25 април 2013 година, четврток, во 10.00 часот, ќе ја промовира новата електронска продавница за мобилни телефони и галантерија "Нико Фон".

Промоцијата ќе се одржи во продажниот салон на Нико Фон во Градскиот трговски центар во Скопје.

Конференцијата за “Демократско управување во технолошкиот свет” во САД

САД, 23 април 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 23 и 24 април 2013 година, учествува на Конференцијата за “Демократско регулирање во технолошкиот свет” која се одржува во Калифорнија, САД. Конференцијата е организирана од страна на Националниот Демократски Институт ( НДИ ) во соработка со Универзитетот Стендфорд, Интернационалниот институт за демократија и електронска поддршка и други партнери.

Најава : NASA Space App Challenge - Меѓународна соработка за глобалните потреби на животот на Земјата и во вселената

Скопје, 19 април 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 20 април 2013 година, сабота, во 09.30 часот, ќе се обрати на настанот NASA Space App Challenge, на кој ќе учествуваат натпреварувачи од доменот на IT индустријата, софтвер и роботика.

NASA Space App Challenge е создаден со цел преку меѓународна соработка да се создадат open source решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и во вселената.

Настанот ќе се одржи во eдукативниот и развоен центар „Seavus„ .

Најава : Средба на министерот Ивановски со Македонската асоцијација на новинари (МАН)

Скопје, 15 април 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и претседателот на Македонската асоцијација на новинарите (МАН), Слаѓана Димишкова, денес 15 април 2013 година, понеделник, ќе одржат средба на која ќе се дискутира за Нацрт-работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни услуги.

Во 16.00 часот, предвидени се изјави за медиумите.

Најава : Панел дискусија за Отворени владини податоци

Скопје, 12 април 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 13 април 2013 година, сабота, со почеток во 13.00 часот, на ФОН Универзитетот во Скопје ќе се обрати на панел дискусијата на тема „Промовирање на социјален и економски развој со отворени податоци (Open Data)“.

Панелот е во рамките на дводневниот настан за развој на мобилни апликации, ecaHack Skopje 2013.

Најава : Состанок во Брисел за намалување на цените на роаминг услугите

Скопје, 11 април 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 12 април 2013 година, петок, во Брисел ќе оствари средба со генералниот директор на Дирекцијата за комуникациски мрежи, содржини и технологии на ЕУ, Роберт Медлин, како и со директорката Кас Грање. На средбата ќе се разговара за правните инструменти и решенија, со кои ќе се овозможи имплементација на иницијативата за намалување на цените на роаминг-услугите со земјите од ЕУ.

На неа ќе учествува и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски.

Најава : Предавање за згрижувачките семејства за ризиците на интернет

Скопје, 10 април 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, на 10 април, 2013 година, среда, со почеток во 12.00 часот, ќе присуствуваат на предавањето наменето за згрижувачките семејства, како дел од кампањата за безбедност на децата и младите на интернет „Сурфај безбедно„.

Настанот ќе се одржи во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз„ во Скопје.

Најава : Прва средба по однос на новиот Закон за медиуми

Скопје, 08 април 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, на 8 април 2013 година, понеделник, со почеток во 15.00 часот, во Домот на АРМ, ја организира првата средба на која ќе се разгледа Акциониот план за јавната расправа во однос на нацрт-работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, со што ќе се отпочне процесот на јавни консултации по однос на текстот на законот. Настанот ќе го отвори министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, а на него ќе учествуваат претставници на медиуми, повеќе институции надлежни за оваа област, невладини организации и здруженија, претставници од мисиите на меѓународната заедница во Република Македонија, естрадни уметници и други.

Најава : Промоција на веб продавница во Битола

Скопје, 04 април 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 5 април 2013 година, петок, со почеток во 14.30 часот, ќе ја промовира новата веб продавница „Софтвер Девелопер„ во Битола, www.softwaredeveloper.mk, која изработува апликативни софтвери за претпријатија и спроведува курсеви за студенти и вработени од областа на програмирањето, математиката, физиката и астрономијата.

Најава за прес-конференција

Скопје, 28 март 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 29 март 2013 година, петок, со почеток во 10.00 часот, ќе одржи прес-конференција по повод Предлог-законот за воведување на систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба.

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Состанок за новиот Закон за електронски комуникации

Скопје, 27 март 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 28 март 2013 година, четврток, во 11.00 часот, ќе учествува на состанокот посветен на подготовката на новиот Закон за електронски комуникации.

Настанот ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски„ во Скопје.

Најава : Тркалезна маса „Дигиталната инклузија во Македонија“

Скопје, 19 март 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, ќе има обраќање на Тркалезната маса „Дигиталната инклузија во Македонија“, посветена на јакнење на свеста за потребата и можните придобивки од обезбедувањето пристап до компјутери и интернет за сите граѓани.

Тркалезната маса која е дел од европската кампања Get Online Week 2013, ќе се одржи на 20 март 2013 година, среда, со почеток во 10.00 часот, во хотелот „Порта“ во Скопје, општина Аеродром.

Најава : Промоција на првата верзија на софтверот за синтеза на македонскиот јазик

Скопје, 12 март 2013

На 13 март 2013 година, среда, со почеток во 11.30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе се промовира првата верзија на софтверот за синтеза на говор на македонски јазик.

На настанот ќе бидат присутни и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Димитар Трајанов и претставници од Сојузот на слепи лица, како корисници на софтверот.

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Меѓународна работилница за роботика и автоматика “РОБОМАК 2013”

Скопје, 11 март 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 12 март 2013, вторник, година, со почеток во 11.00 часот, ќе се обрати на свеченото отворање на Меѓународната работилница за роботика и автоматика “РОБОМАК 2013”.

Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Syndicate content