Најава : Кампања за безбедност на децата и младите на интернет „Сурфај безбедно“

Скопје, 08 март 2013

Во рамките на почетокот на кампањата за безбедност на децата и младите на интернет „Сурфај безбедно“, Министерството за информатичко општество и администрација, ќе одржи прес-конференција на која ќе се промовираат активностите и содржините на кампањата која се фокусира на разбирање на ризиците и опасностите кои ги демнат децата и младите на интернет, како и на препораките за нивно навремено препознавање.

Настанот ќе се одржи на 10 март 2013 година, недела, со почеток во 13.00 часот, во Дебатната сала во Владата на Република Македонија.

Најава : Систем за интероперабилност - размена на електронски податоци меѓу институциите

Скопје, 07 март 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Централен регистар, Ванчо Костадиновски, ќе одржат заедничка прес-конференција во врска со проектот Интероперабилност, односно размената на електронски податоци со другите институции, со што се намалени административните бариери на граѓаните.

Настанот ќе се одржи на 8 март 2013 година, петок, со почеток во 10.00 часот, во Централниот регистар на Република Македонија.

Најава : Потпишување на Меморандум за соработка со Педагошките факултети

Скопје, 04 март 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе потпише Меморандум за соработка со деканите на Педагошкиот Факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Факултетот за образовни науки и Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип и Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола.

Настанот ќе се одржи на 5 март 2013 година, вторник, со почеток во 11.00 часот, во просториите на бесплатниот интернет клуб на Министерството за информатичко општество и администрација во Охрид (ул. „Туристичка“, комплекс – Слобода).

Најава : Спроведување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Скопје, 21 февруари 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на Државниот управен инспекторат, Ромео Деребан, на 22 февруари, петок, со почеток во 11.30 часот, ќе одржат заедничка прес-конференција за текот на спроведувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за транспорт и врски.

Најава : Регионална компаративна студија за е-Влада и состанок на Регионалната мрежа за е-Влада

Скопје, 20 февруари 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 21 февруари, четврток, во хотелот Холидеј Ин, со почеток од 09.30 часот, ќе го отвори настанот за објавување на првата Регионална компаративна студија за е-Влада и состанокот на Регионалната мрежа за е-Влада во Скопје, кој се организира од Регионалната школа за јавна администрација РеСПА, во соработка со МИОА.

На состанокот ќе учествуваат министерот за јавна администрација на Република Хрватска, Арсен Баук, министерот за администрација на Република Косово, Махир Јагцилар и директорот на РеСПА, Суад Мушиќ.

Најава : Oбука за антикорупциски мерки и етика за службеници во МВР

Скопје, 19 февруари 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на 20 февруари 2013 година, среда, со почеток во 11.00 часот, ќе одржат заедничка прес-конференција за спроведувањето на обуката за антикорупциски мерки и етика во државната служба за службеници од Министерството за внатрешни работи, а во рамките на Системот за микроучење (KnowledgePulse).

Настанот ќе се одржи во Канцеларијата за гранична полиција, зграда на Македонска телевизија, четврти кат.

Најава : Прес-конференција по повод Законот за управување со квалитетет во администрацијата.

Скопје, 17 февруари 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 18 февруари 2013 година, понеделник, со почеток во 11.30 часот, ќе одржи прес конференција по повод Законот за управување со квалитетет во администрацијата.

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Отворање на NOKIA лабораторија за мобилни технологии

Скопје, 13 февруари 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 14 февруари 2013 година, четврток, ќе присуствува на свеченото отворање на NOKIA лабораторијата за мобилни технологии, во SMART центарот на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ).

Во 10.00 часот, ќе се одржи прес-конференција на која покрај министерот Ивановски, ќе земат учество и деканот на ФИНКИ, д-р Димитар Трајанов, како и Дариус Залевски од NOKIA и Вацлав Мач од Microsoft.

Најава : Одбележување на Меѓународниот Ден за побезбеден интернет

Скопје, 4 февруари 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе се обрати на настанот по повод одбележувањето на Меѓународниот Ден за побезбеден интернет, кој ќе се одржи на 5 февруари, вторник, со почеток во 11.00 часот, во гимназијата „Никола Карев„ во Скопје.

Во рамките на настанот ќе се одржи и презентација за опасностите од нелегалните содржини на интернет.

Најава : Промоција на електронската продавница “Се за жена”

Скопје, 28 јануари 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 29 јануари 2013 година (вторник), со почеток од 12.30 часот, ќе ја промовира новата електронска продавница “Се за жена” www.sezazena.com, која нуди можност за онлајн купување на козметички производи, здрава храна, средства за хигиена, како и медицински совети од страна на стручни лекари.

Промоцијата на е-продавницата ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Средба Ивановски - Селаковиќ

Скопје, 27 јануари 2013

На 28 јануари 2013 година, понеделник, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во 15.30 часот, ќе оствари работна средба со министерот за правда и државна управа на Република Србија, Никола Селаковиќ.

По средбата, во 16.00 часот, се предвидени изјави на двајцата министри во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Отворање на електронската продавница Еко-солар

Скопје, 15 јануари 2013

На 16 јануари 2013 година, среда, со почеток во 10.00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе ја пушти во употреба новата електронска продавница „Еко-солар„ која се занимава со продажба на соларни колектори и резервна опрема. Отворањето на продавницата е во рамките на проектот за развој на е-трговијата во Република Македонија.

Промоцијата на е-продавницата www.ecosolar.mk, ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Реализација на проектот за доделување ваучери за студенти

Скопје, 26 декември 2012

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 27 декември 2012 година (четврток), во 11.00 часот, ќе ја посети продавницата на AMC компјутери во ТЦ Соравиа во Скопје, во рамките на реализацијата на проектот за доделување ваучери за набавување на компјутери за редовните студенти.

К О Н К У Р С за избор на 50 најдобри е-бизнис планови за отворање на електронската продавница

 

Скопје, 19 декември 2012

 

На барање на бизнис заедницата рокот за поднесување на апликациите за конкурсот за избор на 50 најдобри е-бизнис планови за отворање на електронска продавница, се продолжува до 30 јануари 2013 година.

 

Министерство за информатичко општество и администрација ги повикува сите претприемачи кои имаат намера за отпочнување и развој на бизнис во областа на електронската трговија, да конкурираат на овој Конкурс со свои бизнис планови.

 

Најдобрите 50 претприемачи ќе добијат своја веб продавница и бесплатно хостирање во времетраење од една година.

Најава : Јавна расправа за нов Закон за општа управна постапка

Скопје, 18 декември 2012

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 19 декември 2012 година, среда, со почеток во 09.30 часот, ќе има воведно обраќање на јавната расправа за стратешкиот документ за подготвување на нов Закон за општа управна постапка.

Настанот ќе се одржи во Информативниот центар на ЕУ во Скопје.

Најава : Конференција “Управување со квалитетот во јавниот сектор - Заедничка рамка за оценка - CAF”

Скопје, 17 декември 2012

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 18 декември 2012 година, вторник, со почеток во 09.00 часот, ќе ја отвори Конференцијата “Управување со квалитетот во јавниот сектор - Заедничка рамка за оценка - CAF”, која има за цел подобрување на квалитетот на работењето во институциите во Република Македонија.

Свои искуства од имплементацијата на CAF стандардот, на конференцијата ќе презентираат претставници од државните институции, како и претставници од институции од Франција, Германија и Австрија.

Конференцијата која е на иницијатива на МИОА, ќе се одржи во Бизнис салата на Скопски Саем.

Syndicate content