Најава : Министерот Ивановски на манифестацијата „Сајт на годината 2012„

Скопје, 12 декември 2012

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 13 декември 2012 година (четврток), со почеток во 11.20 часот, ќе се обрати на манифестацијата „Сајт на годината 2012„ на која ќе се изберат победниците на номинираните сајтови по категории.

Настанот ќе се одржи во ЕУ инфо центарот во Скопје.

Најава : Промоција на електронска продавница

Скопје, 11 декември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 12 декември 2012 година, среда, со почеток во 14.00 часот, ќе ја промовира новата електронска продавница наменета за алтернативен туризам во Република Македонија, „Резервирај ме„ www.rezervirajme.com, која е во рамките на проектот за развој и промоција на е-трговијата во Република Македонија.

Промоцијата на е-продавницата ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Активности на заменик министерката Арсовска Томовска

Скопје, 11 декември 2012

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 12 декември 2012 година (среда), со почеток во 10.00 часот, во хотелот Александар Палас, конгресна сала 1, со свое обраќање ќе земе учество на еднодневната конференција „Ден на иновации“. Настанот е во организација на МАСИТ, Македонски Телеком и Т-мобиле Македонија.

Арсовска Томовска, потоа во 11.30 часот, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, ќе се обрати на завршната церемонија по повод финализирањето на проектот „Подготовка на закони и прописи – циклус обуки за администрацијата“. Заменик министерката ќе им додели сертификати на државните службеници кои учествуваа на обуките. Настанот е во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Состанок на Регионалната школа за јавна администрација во Сараево

Скопје, 10 декември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 11 декември, вторник, во Сараево ќе учествува на состанокот на Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација РеСПА. На состанокот ќе присуствуваат министрите од областа на администрацијата од шесте земји членки на РеСПА – Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Најава : Отворање на е-продавница на веледрогеријата Марти Алко во Битола

Скопје, 30 ноември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 1 декември 2012 година, сабота, со почеток во 11.00 часот, ќе ја отвори новата електронска продавница на веледрогеријата Марти Алко ДОО во Битола. Таа е основана во 1998 година и се занимава со увоз на лекови, помошни лековити средства, додатоци во исхраната и козметички производи. Промоцијата ќе се одржи во една аптеките на веледрогеријата на ул. Партизанска бр. 110 во Битола.

Најава : Меѓународен камп за поттикнување на развојот на мобилни апликации

Скопје, 29 ноември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 30 ноември 2012 година, петок, со почеток во 12.30 часот, ќе се обрати на Меѓународниот камп за поттикнување на развојот на мобилни апликации, во организација на Фондацијата Претприемачки сервис за млади и во соработка со Swedish Trade Council. Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, во 13.15 часот, ќе има свое излагање на панел дискусијата на тема „Можности за мобилни start–up“.

Настанот ќе се одржи во Конгресната сала на Скопскиот Саем.

Најава : Конференција за малите и средни претпријатија во Битола

Скопје, 27 ноември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 28 ноември 2012 година, среда, со почеток во 12.00 часот, ќе се обрати на Конференцијата „Што ние правиме за малите и средни претпријатија?„ во организација на Фондацијата Бизнис Стартап Центар од Битола, а во рамките на Проектот на УСАИД „Бизнис без граници„ (2011-2013).

Настанот ќе се одржи во Хотелот Епинал во Битола.

Најава : Активности на министерот Ивановски во Охрид

Скопје, 25 ноември 2012

На 26 ноември 2012 година, понеделник, со почеток во 11.00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе одржи презентација на владината иницијатива за Отворено владино партнерство на Универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид, во рамките на која пред студентите ќе ја претстави и веб страната opendata.mioa.gov.mk.

Министерот Ивановски во 12.00 часот, во Охрид официјално ќе ја пушти во употреба електронската продавница „ Macedonian Handicrafts„ со цел развој и промоција на е-трговијата во Република Македонија. Промоцијата на е-продавницата ќе се одржи во конгресната сала на хотелот Милениум Палас во Охрид.

Студиска посета во Будимпешта за човечки ресурси во јавната администрација

Скопје, 25 ноември 2012

Македонска делегација составена од државниот секретар во министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, вработени во МИОА и во Министерството за внатрешни работи, од 26 до 29 ноември 2012 година, во Будимпешта ќе престојуваат на Студиска посета за човечки ресурси во јавната администрација. Станува збор за активност во рамките на Техничката помош и инструментот за размена на информации, поддржан од страна на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија (TAIEX).

Најава : Промоција на вториот пилот проект „Оцени ја администрацијата„

Скопје, 22 ноември 2012

На 23 ноември 2012 година, петок, со почеток во 10.00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Централен регистар на Република Македонија, Ванчо Костадиновски, ќе го промовираат вториот пилот проект „Оцени ја администрацијата„ преку надградениот уред Семафор. Настанот ќе се одржи во просториите на Централен регистар на Република Македонија.

Најава : Промоција на мобилна апликација за намалување на ризици од катастрофи и кризи

Скопје, 19 ноември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 20 ноември 2012 година, вторник, со почеток во 11.00 часот, ќе се обрати на Промоцијата на мобилна апликација за намалување на ризици од катастрофи и кризи, изработена од ФИНКИ и УНДП, а во соработка со Центарот за управување на кризи.

Настанот ќе се одржи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ).

Најава : Воведување на кирилични домени во македонскиот интернет простор

Скопје, 18 ноември 2012

На 19 ноември 2012 година, понеделник, со почеток во 11.00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски и директорот на Македонската академска истражувачка мрежа МАРНЕТ, Сашо Димитријоски, ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе стане збор за воведувањето кирилични домени во македонскиот интернет-простор.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Министерот Ивановски ќе го отвори Националниот семинар на Советот за радиодифузија

Скопје, 15 ноември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 16 ноември 2012 година, петок, со почеток во 09.00 часот, ќе го отвори Националниот семинар „Развојни политики на аудио-визуелните медиумски услуги во услови на дигитално земско емитување„ кој е во организација на Советот за радиодифузија.

Настанот ќе се одржи на Факултетот за електроника и информациски технологии во Скопје.

Меѓународен семинар во Охрид – „Вработувањето според заслуги и правична застапеност„

Скопје, 14 ноември 2012

Од 13 до 15 ноември во хотелот Горица во Охрид се одржува меѓународниот семинар на тема „Вработувањето според заслуги и правична застапеност„ во коорганизација на Министерството за информатичко општество и администрација, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и заедничката иницијатива на Организацијата за економска соработка и развој и Европската Унија СИГМА (Поддршка за подобрување во владеењето и управувањето).

Свое обраќање на меѓународниот семинар ќе има министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, закажано за 15 ноември, четврток, со почеток во 12.15 часот.

Најава : Конференција за широкопојасен интернет на Југоисточна Европа во Скопје

Скопје, 13 ноември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски, на 14 ноември 2012 година, среда, ќе учествува на дводневната Конференција за широкопојасен интернет на Југоисточна Европа, која ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје.

Обраќањето на министерот Ивановски е предвидено во 09:45 часот, на тема „Услугите на широкопојасниот интернет и дигиталниот развој - Владини перспективи”.

Најава : Либерализација на пазарот за регистрирање на интернет домени

Скопје, 12 ноември 2012

На 13 ноември 2012 година, вторник, со почеток во 10.30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Македонската академска истражувачка мрежа МАРНЕТ, Сашо Димитријоски, ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе стане збор за либерализацијата на пазарот за регистрирање на интернет домени. Сите заинтересирани компании во иднина ќе можат да склучат договори со МАРНЕТ за продажба на интернет домени.

Syndicate content