Најава : Пресметување со високи перформанси, главен двигател на науката, истражувањата и економијата

Скопје, 8 ноември 2012

Денес, 8 Ноември во 11 часот во просториите на амфитеатарот на Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ) , ќе се одржи настан насловен „Пресметување со високи перформанси, главен двигател на науката, истражувањата и економијата“.

На настанот ќе се обрати министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски.

Најава : Четврта годишна конференција - „Управување со перформанси„

Скопје, 7 ноември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и амбасадорот на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Кристофер Ивон, на 8 ноември 2012 година, четврток, со почеток во 09.00 часот, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, ќе ја отворат Четвртата годишна конференција на Мрежата на сектори/одделенија за управување со човечки ресурси во државната служба на тема „Управување со перформанси„.

На конференцијата, меѓу другото, ќе се дискутира и за предизвиците и политиките кои треба да произлезат од новиот Закон за администрација.

Најава : Доделување на првите ваучери за студенти

Скопје, 5 ноември 2012

На 6 ноември 2012 година, вторник, со почеток во 10.00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски и ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, ќе ги доделат првите вредносни бонови - ваучери за набавување на компјутери за студенти од социјално загрозени семејства.

Настанот ќе се одржи во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.

Најава: Промоција на софтверски решенија

Скопје, 1 ноември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе се обрати на Промоцијата на три софтверски решенија, како проект на УСАИД за унапредување на инестирањето и извозот, а изработени во соработка и за потребите на Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за економија и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Настанот ќе се одржи на 2 ноември, петок, во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 2) со почеток во 11.00 часот.

Македонски и словенечки компании на Бизнис форум во Скопје

Скопје, 28 октомври 2012

На 29 октомври 2012 година, понеделник, во Стопанската Комора на Македонија со почеток во 10.00 часот, ќе се одржи Бизнис форум на македонски и словенечки компании.

Арсовска Томовска на меѓународна конференција во Црна Гора

Скопје, 26 октомври 2012

Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, од 26 до 28 октомври, ќе биде во службена посета на Црна Гора. Таа ќе присуствува на втората по ред конференција на тема: „Зајакнување на улогата на Владите и Парламентите во промовирање на компетитивноста и економскиот раст.„

Министерот Ивановски во сесијата на Лари Кинг на Светскиот Конгрес за информатичка технологија во Монтреал

Монтреал, 22 октомври 2012

Од 22 до 24 октомври 2012 година, во Монтреал, Канада, ќе се одржи 18-от Светски конгрес за информатичка технологија. Светските лидери во областа на информатичката и телекомуникациската индустрија заедно ќе разговараат за предизвиците поврзани со иновациите и еволуцијата на технологијата, од аспект на организациската динамика.

Заменик министерката Арсовска Томовска во посета на ИТ компании

Скопје, 17 октомври 2012

Со денешната посета на Неоком, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, го започна проектот за работни посети на 10 големи ИТ компании - систем интегратори.

 

Конференција на тема “Користа на отворените податоци“ во Скопје

Скопје, 8 октомври 2012

На 9 октомври 2012 година (вторник), ќе се одржи Конференцијата на тема “Користа на отворените податоци“, на која свое обраќање ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, координаторот на програмата ИКТ на Светска банка, Олег Петров, членот на Британскиот одбор за транспарентност, Ендру Стот, кој ќе го понуди искуството на Велика Британија како лидер за отворени податоци, како и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Димитар Трајанов.

Доделување на сертификатите PRINCE 2 за вработените во МИОА

Скопје, 27 септември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Кристофер Ивон, на 28 септември 2012 година, петок, во 10.00 часот, ќе ги доделат сертификатите PRINCE 2 на вработени во министерството.

Студиска посета за процедури за вработување во јавната служба

Брисел, 25 септември 2012

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, м-р Јахи Јахија, на 25 и 26 септември, ќе престојува на студиска посета во Брисел, Белгија.

Меѓународна конференција за е-демократија во Охрид

Охрид, 24 септември 2012

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес, 24 септември со почеток во 10 часот, со воведно обраќање, ќе ја отвори третата по ред меѓународна конференција за е – Демократија, која се одржува во хотелот Инекс Горица во Охрид.

Министерот Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Њујорк

Скопје, 22 септември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе учествува на шестиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој (Broadband Commission for digital development), кој ќе се одржи на 23 септември 2012 година во Њујорк.

Отворање на нов продажен салон за Аpple на Дуна

Скопје, 19 септември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 20 септември, четврток, во 12.00 часот, ќе присуствува на отворањето на новиот продажен салон за Apple на Дуна.

Конференција за ИКТ иновации 2012 „Безбедни и интелигентни системи”

Охрид, 13 септември 2012

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес, 13 септември, со почеток во 12.00 часот, во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид, ќе ја отвори четвртата по ред меѓународна Конференција за ИКТ иновации 2012 под наслов „Безбедни и интелигентни системи”.

Најава

Скопје, 05 септември 2012

Телекомуникациското биро за развој во соработка со Министерството за иновации и информатички и комуникациски технологии на Република Албанија го организираат Регионалниот форум на Европа на широкопојасен интернет: Оддел за социјален и економски развој кој ќе биде одржан на 6 и 7 септември 2012 во Тирана, Албанија.

Syndicate content