Промоција на проектот ,,Оцени ја администрацијата,,-,,Семафор,,

Скопје, 05 септември 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски на 05 септември 2012 година, среда, во 09.30 часот, ќе го прoмовира проектот „Оцени ја администрацијата“ или т.н. „семафор“, со презентирање на новите уреди за оценка на администрацијата и веб апликацијата за гласање преку интернет.

Промоција на проектот “Размена на документи по службена должност”

Скопје, 29 август 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, г.Влатко Поповски на 30 август 2012 година, четврток, во 11.00 часот, ќе го прoмовираaт проектот за ,,Размена на документи по службена должност,, .

Најава за прес-конференција

Скопје, 15 август 2012

Во Министерството за информатичко општество и администрација, на 16 август 2012 година, четврток, во 11.00 часот, ќе се одржи прес-конференција по повод отпочнувањето на владиниот проект за заштита на деца и млади од нелегални содржини на интернет, чиј носител е МИОА.

Затворање на Јуниорската балканска олимпијада по информатика 2012

Скопје, 13 август 2012

Македонија, како земја членка на Балканската иницијатива за информатика, оваа година беше домаќин на Јуниорската балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ). Олимпијадата, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија, а поддржана од Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за електронски комуникации, како и од Македонската асоцијација за информатички технологии МАСИТ, се одржа во Охрид од 9 до 14 август. „.

Посета на АЕК во Битола

Битола, 6 август 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, на 6 август 2012 година, понеделник, во 11.00 часот, ќе ја посети Подрачната единица на Агенцијата за електронски комуникации во Битола.

Најава за прес-конференција

Скопје, 27 јуни 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација,  м–р Иво Ивановски, на 28 јуни 2012 година, четврток, со почеток во 10.00 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе се презентира успешноста од реализацијата на мерката за надградба на ИТ вештини на лицата кои се евидентирани како невработени.

Потпишување на договор за изработка на електронски продавници

Скопје, 25 јуни 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација,  м–р Иво Ивановски на 26 јуни 2012 година, ќе го потпише Договорот за изработка и едногодишно хостирање на триесет и една (31) веб продавница за правни лица со фирмата носител на набавката.

Најава за прес-конференција на министерот Ивановски

Скопје, 18 јуни 2012

 

Денес, 18 јуни 2012 година во 11:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски ќе одржи прес-конференција во Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерски форум за ИКТ во Сингапур

Скопје, 18 јуни 2012

 

Ве известуваме дека Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, на 18 и 19 јуни 2012 година ќе биде во службена посета на Република Сингапур.

Најава за прес-конференција на министерот Ивановски

Скопје, 15 јуни 2012

 

Денес, 15 јуни 2012 година во 15 часот, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски ќе одржи прес-конференција пред зградата на Владата на Република Македонија.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Министерството за информатичко општество и администрација информира дека поради летните одмори, во месеците јули и август 2012 година, нема да се спроведува бесплатната обука за користење на програми за кацелариско работење и користење на интернет во  интернет клубовите во државата.

Најава

Скопје, 13 јуни 2012

 

Утре 14.06.2012 со почеток во 11:00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе учествува на прес-конференцијата на македонскиот оператор за безжичен интернет SunWireless

Јавна расправа на тема Јавните набавки на ИКТ и Отворено владино партнерство

Скопје, 12 јуни 2012

 

Министерството за информатичко општество и администрација и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, утре среда 13 јуни 2012 година организираат јавна расправа на тема Јавните набавки на ИКТ и Отворено владино партнерство.

Најава за прес-конференција на министерот Ивановски

Скопје, 12 јуни 2012

 

Ве известуваме дека министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски денес 12 јуни во 16:00 часот пред зградата на Владата на Република Македонија ќе одржат прес–конференција, како реакција на  пресот на Ана Павловска Данева.

Најава

Скопје, 06 јуни 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, и министерот за образование и наука Панче Кралев денес 06 јуни во 12 часот во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација ќе одржат прес–конференција за начинот и условите за добивање на ваучери за купување на компјутер.

Отворање на конференцијата Cisco Expo 2012
Скопје, 05 јуни 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, утре 06 јуни 2012 година, со воведен говор ќе учествува на  конференцијата Cisco Expo 2012 организирана од компанијата Cisco.

Syndicate content