Отворање на состанокот на Управниот одбор на проектот SEE Digi.TV
Скопје, 04 Јуни 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, утре 05 јуни 2012 година, со воведен говор ќе го отвори Состанокот на Управниот одбор на проектот SEE Digi.TV кој го имплементира Советот за радиодифузија, а е финансиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија преку ИПА фондовите.

Најава за средба на министерот Ивановски со претставници на ИТ фирмите во Македонија
Скопје, 03 Јуни 2012

 

Денес 03.06.2012 (недела), министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, ќе има средба со претставници на ИТ фирмите во Македонија. Тема на разговор ќе биде новиот пакет 12 економско-социјални мерки кои ги најави Владата на Република Македонија.

МЕТОДОЛОГИЈА НА УПРАВУВАЊЕ ЗАСНОВАНА НА КОМПЕТЕНЦИИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА РМ
Скопје, 29 мај 2012

 

Министерството за информатичко општество и администрација воведува постапка за систем на управување заснован на компетенции во државната служба на Република Македонија. Овие активности се дел од преземените обврски на Владата на Република Македонија предвидени во рамките на Стратегијата за реформа на јавната администрација.

Најава за прес-конференција на министерот Ивановски
Скопје, 29 Мај 2012

 

Денес 29.05.2012 со почеток во 11:00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ќе одржи прес–конференција на тема  „Методологија за воведување систем на управување заснован на компетенции во администрацијата на Република Македонија“.

20-та NISPAceе меѓународна конференција
Скопје, 22 мај 2012

 

Утре, среда, 23 мај 2012 година, Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, во хотелот Метропол во Охрид, со почеток во 14 часот, ќе ја отвори 20-тата по ред меѓународна конференција на тема “Public administration East and West: Twenty years of development”.

Обраќање на министерот Ивановски на Втората меѓународна регулаторна конференција 2012
Скопје, 17 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, денес 17 мај 2012 година, по повод Светскиот ден на информатичкото општество ќе се обрати на Втората меѓународна регулаторна конференција 2012 организирана од Агенцијата за електронски комуникации.

Промоција на проектот „е-потсетник”
Скопје, 15 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски, среда 16.05.2012 со почеток во 11:00 часот во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација ќе одржи прес­-конференција.

Учество на министерот Ивановски на Светскиот самит за информатичко општество во Женева
Скопје, 14 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м–р Иво Ивановски од денес 14 мај 2012 година учествува на Светскиот самит за информатичко општество во Женева, Швајцарија.

Презентацијата на апликацијата насловена како - „Пази Радар“

Скопје, 09 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкуловска, утре 09.05.2012 со почеток во 12 часот, во Министерството за внатрешни работи  (сала за состаноци во зграда бр. 1) ќе ја претстават презентацијата на апликацијата наменета за граѓаните корисници на т.н. паметни телефони (Android и iPhone), а насловена како - „Пази Радар“.

НОКИА отвора центар за развој на мобилни апликации во Македонија

Скопје, 04 мај 2012

 

Денес 4 мај 2012, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски во рамки на официјалната посета на Хелсинки, Финска оствари средба со претставници од компанијата Нокиа.

 

Министерот Ивановски во официјална посета на Финска
Скопје, 04 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, во рамки на неговата службена посета на скандинавските земји, денес 4 мај 2012 година е во официјална посета на Хелсинки, Финска.

Министерот Ивановски во официјална посета на Шведска
Скопје, 03 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, денес 3 мај 2012 година е во официјална посета на Стокхолм, Шведска.

Најава за промоција на концептот насловен како „Девојките во технологијата”.

Почитувани,

 

Марта Арсовска-Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, во соработка Министерството за образование и наука, МАСИТ (Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии) и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), за прв пат во Република Македонија ќе го промовира концептот насловен како „Девојките во технологијата”.

 

Средба на министерот Ивановски со претставници на МАСИТ

Скопје, 26 април 2012

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, денес 26 февруари 2012 година, ќе оствари средба со претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Тема на состанокот е разгледувањето на предлог-мерки за развој на информатичките технологии во Република Македонија.

Поздравно обраќање на министерот Ивановски

Скопје, 24 април 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, утре 25 април 2012 година, ќе има поздравно обраќање на церемонијата организирана по повод 33-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Потпишување договори со наградените учесници на Конкурсот за избор на најдобри бизнис планови за веб-продавница

Скопје, 22 април 2012

 

На 23.04.2012 во 12:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, м–р Иво Ивановски, ќе потпише договори со наградените учесници на Конкурсот за избор на најдобри бизнис планови за веб-продавница.

Syndicate content