Учество на министерот Ивановски на 6-тата Годишна Конференција на РеСПА

Скопје, 17 април 2012

Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) ја организира 6-тата Годишна Конференција на тема „Добро владеење преку партиципативна демократија и клиентно ориентирана јавна администрација“, на 19ти и 20ти Април, во Даниловград, Црна Гора.

Работилница за микроучење

Скопје, 17 април 2012

 

Утре 18.04.2012 со почеток во 09:00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ќе ја отвори Работилницата за Микроучење во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Германското друштво за меѓународна соработка – GIZ.

Потпишување на меморандум за соработка со ОБСЕ

Скопје, 11 април 2012

 

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија (МИОА) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје утре, 12.04.2012 во 12:00 часот ќе потпишат Меморандум за соработка.

Известување

За поднесување барања за посетување  на прва почетна обука за проценувачи од областа Информатичка технологија

Скопје, 10 април 2012

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на прва почетна обука за овластен проценувач да поднесат барање за првото полагање на стручниот испит за овластен проценувач од областа на Информатичка технологија.

Прес-конференција со АЕК

Скопје, 09 април 2012

 

Утре 10.04.2012 со почеток во 11:000 часот,  министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски ќе одржат прес- конференција за намалувањето на цените на фиксните големопродажни услуги и подобрувањето на условите за работа на алтернативните оператори на пазарот на електронските комуникации во фиксната телефонија, интернетот, телевизијата.

Промоција на проектот „Е-агро берза преку смс“

Скопје, 01 април 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м–р Иво Ивановски, недела 01.04.2012 со почеток во 15:00 чaсот ќе одржи прес-конференција за промоција на проектот „Е-агро берза преку смс“ за кој Владата на Република Македонија потпиша Меморандум за разбирање со Ericsson за пилот-фазата на проектот.

Поздравно обраќање на министерот Иво Ивановски

Скопје, 30 март 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, петок 30.03.2012 година ќе има свое поздравно обраќање на настанот организиран по повод една година од постоењето на ФИНКИ.

Студиска посета во Единбург, Шкотска, 25-28 март 2012 година

Скопје, 23 март 2012

 

Меѓуинституционалната работна група за воведување на систем на управување заснован на компетенции во државната служба, предводена од заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, во периодот од 25-28 март 2012 година, ќе престојува во Единбург, Шкотска.

Mинистерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, ќе го отвори настанот Отворенo владино партнерство

Скопје, 20 март 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, утре 21 март 2012 година, ќе го отвори настанот Отворено владино партнерство, на кој ќе биде презентиран Акцискиот план за Иницијативата за отворена Влада на Република Македонија.

Покана за Kонференција на тема „Иницијатива за отворена влада на Република Македонија“

 

Би сакале да Ве информираме дека на 21 март 2012 година со почеток од 10:00 часот во Хотел Holiday Inn, сала Milenium II ќе се одржи конференција на тема Иницијатива за отворена влада на Република Македонија. Конференцијата е дел од активностите за приклучување на Република Македонија на Иницијативата за Отворено владино партнерство (ОВП).

Најава

Скопје, 18 март 2012

 

Утре, 19.03.2012, понеделник, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, ќе има свое обраќање на настанот “Дигитална писменост во Македонија”, организиран од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, во поддршка на Европската недела на дигитална писменост – European E-skills Week 2012

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска во посета на општина Гевгелија

Скопје, 18 март 2012

 

Ве известуваме дека утре, понеделник, 19.03.2012 година, Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, ќе биде во посета на општина Гевгелија.

Најава

Скопје, 15 март 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, петок 16 март 2012 година, свечено ќе ја отвори со свое обраќање 23-тата Синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ.

Министерот Иво Ивановски во посета на општина Охрид

Скопје, 15 март 2012

 

Ве известуваме дека во петок на 16.03.2012 година, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе биде во посета на општина Охрид.

Oбјавување на повик за интерес за нов радиодифузер

Скопје, 14 март 2012

 

Денес, 14 март 2012 година во 10 часот, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, г. Роберт Ордановски ќе одржат прес-конференција во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава

Скопје, 05 март 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, денес 05 март 2012 година ќе присуствува на ручек со членките на Американската стопанска комора.

Syndicate content