Заменик министерот за информатичко општество и администрација во посета на општина Берово

Скопје, 04 март 2012

 

Ве известуваме дека утре, понеделник, 05.03.2012 година, Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, ќе биде во посета на општина Берово.

Посета на заменик министерот Арсовска Томовска на општина Македонска Каменица

Скопје, 28 февруари 2012

 

Ве известуваме дека во вторник, 28.02.2012 година, Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, ќе биде во посета на општина Македонска Каменица.

Министерот Иво Ивановски во еднодневна службена посета на Брисел

Скопје, 27 февруари 2012

 

Денес, 27.02.2012 година, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе биде во еднодневна службена посета во Брисел. Цел на службеното патување е билатерална средба, состанок, со вице премиерот и комесионер за интер-институционални врски и администрација на Европската Комисија г. Марош Шефчович.

Министерот Иво Ивановски во посета на општина Битола

Скопје, 22 февруари 2012

 

Ве известуваме дека во четврток на 23.02.2012 година, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе биде во посета на општина Битола.

Средба со директорите на јавните и државните претпријатија

Скопје, 22 февруари 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, денес 22 февруари 2012 година, ќе има средба со директорите на јавните и државните претпријатија од внатрешноста на Македонија за измените на законите за јавни и државни службеници.

Обраќање на отварањето на Робомак

Скопје, 20 февруари 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, денес 20 февруари 2012 година, ќе има свое обраќање на отворањето на Робомак.

Најава

Скопје, 18 февруари 2012

 

Ве известуваме дека во недела на 19.02.2012 година, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе биде во посета на општина Струмица.

Посета на едукативниот центар Семос

Скопје, 16 февруари 2012

 

Утре 17.02.2012 со почеток во 9:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе го посети едукативниот центар Семос, каде што се одржуваат обуките за напредни вештини од областа на информатичките технологии кои се дефицитарни на пазарот на трудот.

Eлектронско поднесување на даночна пријава за физички лица
Скопје, 16 февруари 2012

 

Денеска 16.02.2012 со почеток во 11:00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ќе ја поднесе годишната даночна пријава по електронски пат, од својот Кабинет.

Промоција на веб порталот е-демократија
Скопје, 13 февруари 2012

 

Утре 14.02.2012 со почеток во 11:00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе го промовира веб-порталот  е-демократија.

Промоција на системот за електронско поднесување на даноците (е-даноци)
Скопје, 06 февруари 2012

 

Денеска, 06.02.2012 (понеделник) со почеток во 11:30 часот, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Марта А. Томовска и директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, ќе го промовираат системот за електронско поднесување на даноците (е-даноци).

Меѓународниот саем за бизнис технологии BizTech Скопје 2012
Скопје, 06 февруари 2012

 

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, денеска, понеделник, 06.02.2012 година, со почеток во 10 часот, во хотелот Александар Палас, со свое обраќање ќе го отвори BizTech Скопје 2012, меѓународниот саем за бизнис технологии.

Министерот Ивановски во посета на општина Куманово

Скопје, 26 јануари 2012

 

Ве известуваме дека во петок на 27.01.2012 година, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе биде во посета на општина Куманово.

 

Бесплатна обука на граѓани во интернет клубовите
Скопје, 23 јануари 2012

 

Утре 24.01.2012 во 13.30ч Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе го посети владиниот интернет клуб во Скопје во кој се одржуваат бесплатните обуки за граѓаните за користење на програми за кацелариско работење и користење на интернет.

Македонија и Франција ќе потпишат меморандум за соработка
Скопје, 23 јануари 2012

 

Денес, 23.01.2012 (понеделник) со почеток во 13 часот, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и амбасадорот на Франција во Република Македонија Жан Клод Шлумберже  ќе потпишат Договор за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, претставувана од Министерство за информатичко општество и администрација и Владата на Република Франција, претставувана од Амбасадата на Република Франција во Македонија.

Најава
Скопје, 15 јануари 2012

 

Ве известуваме дека министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, утре 16 јануари ќе биде во еднодневна посета на Женева, Швајцарија.

Syndicate content