Најава
Скопје, 27 декември 2011

 

Утре, 28.12.2011, среда, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски ќе одржи работен состанок со претставници од Сојузот на стопански комори.
Тема на работниот состанок ќе бидат прашањата од областа на Регулаторната гилотина – 4 фаза, како и реформите во јавната администрација.

Најава
Скопје, 25 декември 2011

 

Утре, 26.12.2011, понеделник, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски ќе одржи работен состанок со претставници на стопанската комора МАСИТ.

Сајт на годината

Скопје, 19 декември 2011

 

Утре  20.12.2011 година (вторник) со почеток во 12:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе се обрати на Манифестацијата Сајт на годината 2011“ што ќе се одржи во просториите на Инфо центарот на ЕУ во Скопје.

Најава
Скопје, 06 декември 2011

 

Ве известуваме дека утре 07.12.2011 година (среда ) со почеток во 11:00 часот министерот за информатичко општество и администрација на Република Македонија, м-р Иво Ивановски на завршната церемонија по повод финализирањето на проектот „Подготовка на  прописи – циклус обуки за администрацијата“ свечено ќе ги додели сертификатите на учесниците кои беа обучени со проектот.

Најава
Скопје, 30 ноември 2011

 

Министерството за информатичко општество и администрација како предводник во модернизацијата на јавната служба во Република Македонија, со поддршка на фондовите на Британската амбасада, преку проектот - Поддршка за реформите во јавната администрација, (ДИВ, поранешен ГОФРЕ и СПФРЕ фонд), отпочнува постапка за воведување на едно од најреномираните признанија за квалитет во работењето во јавната администрација - Заедничка рамка за проценка – CAF.

Најава
Скопје, 27 ноември 2011

 

На 28.11.2011 (понеделник), министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, ќе оствари протоколарна средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. г. Пол Волерс.

Најава
Скопје, 22 ноември 2011

 

Утре 23.11.2011 во 10:30 часот по повод акцијата „Денот на дрвото“, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, во месноста Бел камен во Битола ќе засади дрвце.

Најава
Скопје, 21 ноември 2011

 

Вторник, 22.11.2011 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, ќе се потпише Договорот за набавка на систем за синтеза на говор на македонски јазик. Системот претставува софтверско решение кое ќе генерира аудио говор на македонски јазик, наменет за слепи лица или лица со оштетен вид при нивна работа со компјутери.

Најава
Скопје, 20 ноември 2011

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м–р Иво Ивановски, понеделник 21.11.2011 со почеток во 10:00 чaсот ќе одржи прес-конференција за промоција на новиот проект на Министерството за информатичко општество и администрација.

Eдукативна работилница за е-пристапност
Скопје, 17 ноември 2011

 

Во рамки на Иницијативата за е-Југоисточна Европа при Регионалниот центар за соработка во која Република Македонија е членка, во тек е Програма “e-Leadership” за Западен Балкан. Една од целите на Програмата е за прв пат да направи целосна слика за нивото на е-пристапност во Југоисточниот регион на Европа, споредена со нивото поставено од Европската Унија.

Најава
Скопје, 14 ноември 2011

 

Ве известуваме дека утре 15.11.2011 година (вторник) со почеток во 08:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација на Република Македонија, м-р Иво Ивановски, ќе врши јавно анкетирање на граѓаните на тема: “Колку сте задоволни од работењето на администрацијата, во конкретниов случај од работењето на Централниот регистар на Република Македонија?”. Настанот ќе се одржи пред просториите на Ценралниот регистар во Скопје.

Најава
Скопје, 10 ноември 2011

 

Утре, 11.11.2011, петок со почеток во 10:00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски ќе одржи прес-конференција.

 

Тема на прес–конференцијата ќе биде „100 дена Влада“ и истата ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава
Скопје, 9 ноември 2011

 

Во четврток, 10.11.2011 година, со почеток во 13:00 часот, во просториите на ЕУ инфо центарот, во зградата на претставништвото на ЕУ делегацијата на Република Македонија, ќе се одржи промоција на затворањето на проектот финансиран од ЕУ: „Помош во областа на реформите на јавната администрација - Анализа на службените постапки и развој на систем за мерење на учинокот на администрација“.

Најава
Скопје, 3 ноември 2011

 

Утре 04.11.2011 (петок) во 10:00 часот, министерот Иво Ивановски ќе ги промовира прашањата за полагање на општиот и практичниот дел од испитот за државни и јавни службеници.

 

Промоцијата ќе се одржи во Агенцијата за администрација, ул. Јуриј Гагарин бр. 15.

Промоција на електронски учебници за V и VI одд.
Скопје, 2 ноември 2011

Утре 03.11.2011 во 13:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и министерот за образование и наука Панче Кралев, ќе ги промовираат новите електронски учебници за  V и VI одделение. Промоцијата ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава за присуствo на четвртиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет на ITU во Женева
Скопје, 24 октомври 2011

Министерот за информатичко општество и администрација, м–р Иво Ивановски од 24–25.10.2011 ќе присуствува на четвртиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет на Интернационалната телекомуникациска унија (ITU) во Женева, Швајцарија кој се организира под покровителство на Обединетите Нации.

Syndicate content