Најава за конференција

Скопје, 18 октомври 2011

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија (МИОА) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираат Конференцијата на тема „Политика за подобра регулатива како инструмент за зајакнување на владеењето на правото“. Конференцијата  ќе се одржи на 19 и 20 октомври 2011 во хотел Holiday Inn – Скопје.

Најава за прес-конференција на тема „Електронска трговија”

Скопје, 16 октомври 2011

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски, понеделник 17.10.2011 со почеток во 12:30 чaсот во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација ќе одржи прес–конференција.

Најава за потпишување на меморандум

Скопје, 12 октомври 2011

Почитувани,

Утре, 13.10.2011 година, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, со почеток во 11:30 часот ќе се потпише Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Македонија претставувана од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и Ериксон Телекомуникации, преставуван од директорот за Југоисточна Европа г-дин г. Маурицио Де Доменицис (Mr.Maurizio De Dominicis), Регионален директор на Ериксон за балканските држави.

Министерот Иво Ивановски на Министерска конференција во Белград
Скопје, 07 октомври 2011

Денес, 7 октомври 2011 година, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски е во дводневна посета на Белград заради учество на Регионалната конференција „Услуга, вештини, капацитети - Главни предизвици за градење на модерна јавна администрација“, организирана од Министерството за човечки и малцински права, јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, и од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка.

Министерот Иво Ивановски на деловен појадок со членките на ИКТ комората при ССК
Скопје, 05 септември 2011

Утре 06.10.2011 година, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски ќе присуствува на Деловниот појадок со членките на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Најава за обраќање на министерот Иво Ивановски

Битола, 30 септември 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и aмбасадорот на Велика Британија и Северна Ирска Кристофер Ивон ќе се обратат на обуката за врвното раководство која се одржува во хотелот Епинал во Битола од 30.09-02.10.2011.

Најава за конференција

Скопје, 28 септември 2011

Министерството за информатичко општество и администрација по повод 20 години независност на Република Македонија организира конференција на тема “Информатичкото општество – иднинаата на Mакедонија”.

 

Најава за конференција

Скопје, 28 септември 2011

Министерството за информатичко општество и администрација во рамките на проектот “Поддршка на реформите на јавната администрација” финансиран од британскиот програмски фонд ДИВ организира трета годишна конференција на Мрежата на сектори/одделенија за управување со човечките ресурси во државната служба, на тема „Систем на компетенции во државната служба“.

И З В Е С Т У В А Њ Е

Тирана, 26 септември 2011

Утре, 27.09.2011 министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе присуствува на состанокот на Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација – РеСПА што се одржува во Тирана, Албанија.

 

Најава за обраќање на министерот Иво Ивановски

Охрид, 25 септември 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, понеделник 26.09.2011 година ќе има воведно обраќање на регионалната Конференција за е-Демократија 2011 во организација на Nextsense која ќе се одржува во периодот од 25-27 септември во хотел Инекс Горица во Охрид.

Најава за обука на шалтерски работници

Скопје, 21 септември 2011

На 21.09.2011 година, со почеток во 13 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе ја промовира втората фаза од обуките на шалтерските работници, на тема „Kорисничка ориентираност и комуникација со граѓани“.

 

Најава за обраќање на министерот Иво Ивановски

Скопје, 16 септември 2011

Денес, 16.09.2011 година министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе се обрати пред студентите на првиот академски час на  Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство при УКИМ.

 

Н А Ј А В А

Скопје, 12 септември 2011

Почитувани,

 

Утре 13.09.2011 во 11.00ч министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски , ке го промовира софтверот за управување со информациите и документите на Државниот управен инспекторат.

 

Н А Ј А В А

Скопје, 09 септември 2011

 

Денес, 09.09.2011 година Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски заедно со министерот за труд социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Агенција за вработување Влатко Поповски ќе ги промовираат Обуките за напредни вештини од областа на информациските технологии кои се дефицитарни на пазарот на трудот, за невработени лица

Најава за обраќање на министерот Иво Ивановски

Скопје, 24 август 2011

Почитувани,

 

Денес, 24.08.2011 со почеток во 11:00 часот министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе се обрати на јавното отворање на првата обука за наставници за примена на (пристапна) информатичка технологија во редовното основно образование.

Промоција на најголемиот успех на информатичарите

Скопје, 18 август 2011

Почитувани,


Заменик министерот за информатичко општество и администрација, г.ѓа Марта Арсовска Томовска и министерот за образование и наука, г. Панче Кралев, во петок (утре), 19-ти август, со почеток во 12 часот,  во соработка со Здружението на информатичари на Македонија,  ќе го отворат настанот на кој ќе бидат промовирани успесите на информатичарите постигнати на Интернационалната олимпијада по информатика, Балканската и Јуниорската Балканска олимпијада по информатика.


Syndicate content