С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 06 август 2011

Почитувани,

 

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија (МИОА) и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (Британската Влада) претставена од Министерството за надворешни работи и Комонвелтот, во понеделник, 08.08.2011 во 11:30 часот ќе потпишат Меморандум за соработка на проектот со наслов Поддршка за реформите во јавната администрација“.

Најава за работна посета

Скопје, 05 август 2011

Почитувани,

 

Денес, 05.08.2011 со почеток во 13:00 часот министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе биде во работна посета на Управата за јавни приходи на Република Македонија. Во просториите во Градски трговски центар на 2-ри спрат.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 04 август 2011

Почитувани,

Денес, 04.08.2011 со почеток во 11:30 часот министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе биде во работна посета на Агенцијата за администрација на Република Македонија.

 

Најава за прес-конференција
Скопје, 03 август 2011

Почитувани,

 

Денес, 03.08.2011 со почеток во 11:30 часот во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе одржи прес-конференција на тема „Воведување на ISO стандарди во Министерството за информатичко општество и администрација“.

Н А Ј А В А

Скопје, 25 јули 2011

Почитувани,

 

Утре 26.07.2011 (вторник) во 11:15 часот, министерот м-р Иво Ивановски ќе се обрати на официјалното затворање на Проектот за зајакнување на капацитетите на Одделението за реформа на јавната администрација.

 

Најава за ПЕП филмски фестивал

Скопје, 05 јули 2011

Почитувани,

 

Утре 06.07.2011 (среда) во 11:30 часот, министерот Иво Ивановски ќе се обрати на отворањето на првиот ПЕП филмски фестивал кој е по иницијатива на наставниците од Република Македонија а се организира од Проектот на УСАИД.

Најава за промоција на уредот за оценување на администрацијата

Скопје, 05 јули 2011

Почитувани,

 

Утре 06.07.2011 (среда) во 10:30 часот во Фондот за здравствено осигурување министерот Иво Ивановски ќе го промовира уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 14 јуни 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски,  утре  15.06.2011 (среда) во 13:30 часот ќе ги промовира обуките за шалтерските работници кои се одржуваат во Клуб на пратеници.

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски,  утре  9 јуни (четврток) со почеток во 11:00 часот,  ќе ги  додели сертификатите на лицата кои успешно ги положиле тестовите за специјализираните ИТ обуки кои ги спроведуваше едукативниот центар Александрија.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м–р Иво Ивановски на 6 јуни ќе присуствува на третиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет на Интернационалната телекомуникациска унија (ITU) во Париз под покровителство на Обединетите Нации.

Најава за промовирање на уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните

Скопје, 02 јуни 2011

Почитувани,

 

Утре 03.06.2011 (петок) во 13:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ќе го промовира уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните.

Најава за отвoрање на Меѓународна конференција за управно право и реформи во општата управна постапка и прекршоците

Скопје, 26 мај 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и министерот за правда Михајло Маневски,  утре  27.05.2011 година (петок) ќе ја отворат Меѓународната конференција за управно право и реформи во општата управна постапка и прекршоците која се одржува во хотел Холидеј Ин. Отворањето на конференцијата е во 09:30 часот.

Најава за отворање на нова канцеларија на ИТ компанијата Сивус во Битола

Скопје, 25 мај 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски  денес  25.05.2011 година (среда) во 11 часот во Битола ќе ја отвори новата канцеларија на ИТ компанијата Сивус.

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Ватикан, 22 мај 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, од денес 22 мај до 24 мај 2011 година е во официјална посета на Ватикан, како член од делегацијата на Република Македонија предводена од Претседателот д-р Ѓорге Иванов на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ во Рим.

Министерот Иво Ивановски ќе ја отвори „Лан Фест конференцијата“
Скопје, 19 мај 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, утре 20.05.2011 година (петок) ќе ја отвори „Лан Фест конференција“ која ќе се одржува во сала „Борис Трајковски“ со почеток во 11:00 часот.

Најава за отворање на конференција на тема „ИКТ како двигател на просперитетна економија“

Скопје, 16 мај 2011

Утре  17.05.2011 година (вторник) со почеток во 9:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе ја отвори конференцијата на тема „ИКТ како двигател на просперитетна економија“ по повод Светскиот ден на телекомуникации и информатичко општество, во хотел Метропол, Охрид.

Syndicate content