Најава за отворање на конференција на тема „Реформата на јавната администрација во Франција“

Скопје, 10 мај 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски  утре  11.05.2011 година (среда) ке ја отвори конференцијата на тема „Реформата на јавната администрација во Франција“ која ќе се одржува во Дебатната сала на Владата на РМ со почеток во 10:00 часот.

Министерот Иво Ивановски и вицепремиерот Пешевски во посета на компанијата Ериксон во Стокхолм, Шведска

Стокхолм, Шведска, 10 мај 2011

Денес, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски се во еднодневна посета на Стокхолм, Шведска.  Во рамките на посетата делегацијата ќе оствари средба со главниот и извршен директор на компанијата Ериксон, г. Ханс Вестберг (Hans Vestberg) на кого ќе му бидат презентирани можностите што ги нуди Република Македонија за странските директни инвеститори.

Најава за потпишување на меморандум

Скопје, 19 април 2011

Почитувани,

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија (МИОА) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје утре, 20.04.2011 во 12:00 часот ќе потпишат Меморандум за соработка на проектот со наслов „Подготовка на прописи - циклус  обуки за администрацијата“.

Најава за промоција на електронските формулари за поефикасна комуникација меѓу УЈП и корисниците

Скопје, 06 април 2011

Почитувани,

 

Утре 07.04.2011 четврток, со почеток во 12:00 часот во просториите на Контакт центарот на Управата за јавни приходи на втори спрат во ГТЦ Скопје (над кино Милениум), од страна на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе бидат промовирани електронските формулари за поефикасна комуникацијата меѓу УЈП и корисниците.

Најава за обраќање на настан по повод успехот на Македонија на Европскиот Мајкрософт иновативен форум

Скопје, 05 април 2011

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, утре - 6 април, среда,  со почеток во 11:00 часот во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе се обрати на настанот кој се организира по повод успехот на Македонија на Европскиот Мајкрософт иновативен форум кој се одржа од 21 до 25 март во Москва.

Оглас

Регионалната школа за јавна администрација, ReSPA, објави огласи за вработување на лица кои ќе пополнат 5 слободни позиции. Сите заинтересирани кандидати од Република Македонија може да се пријават и еднакво да конкурираат на огласите. Рокот за пријавување на огласите е 18.05.2011 год.

 

Огласите можете да ги најдете на следната врска: http://www.respaweb.eu/en/vacancies/.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 29 март 2011

Почитувани,

 

Утре 30.03.2011 во 10:00 часот во хотелот Холидеј Ин, министерот Иво Ивановки ќе се обрати на доделувањето на наградите за најуспешните наставници за иновации во наставата преку употреба на ИКТ.

Настанот е во организација на ИНТЕЛ и има за цел да ја поттикне креативната страна на наставниците во создавањето на електронски содржини преку користење на дигиталните алатки кои ИНТЕЛ ги донираше за Македонија.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани,     

 

Владата на Република Македонија донесе решенија за бесплатно отстапување на стока по повод претстојната Хуманитарна акција која ќе се одржи на 19 март 2011 година, сабота, со почеток во 12.30 часот.

 

По тој повод, државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, г-динот Павле Саздов, заедно со проф.   д-р Владимир Поповски, заменик на министерот за здравство и г-ѓата Андриана Стојановска, државен секретар во Министерството за локална самоуправа, во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи во Битола, ќе извршат доделување на предвидената стока за оваа институција.

Најава за средба со ССК

Скопје, 03 март 2011

Почитувани,

 

На 04.03.2011 (петок) Скопје, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, ќе има средба со членките на Сојузот на стопанските комори. Тема на разговор ќе бидат реформите во јавната администрација.

Најава за промоција на проектот Интероперабилност

Скопје, 23 февруари 2011

Почитувани,

 

Денес на 23.02.2011 среда, со почеток во 13:00 часот во просториите на Централниот регистер на Република Македонија, свечено ќе биде промовиран системот за меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институции, од страна на министерот за информатичко општество и администрација  Иво Ивановски.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 15 февруари 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорката на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија Маја Парнарџиева –Змејкова, утре 16 февруари со почеток во 12:30 часот, во аптеката Алпи фарм,  која се наоѓа веднаш до Градската болница, ќе го промовираат веб-системот за доставување на месечен извештај за требувани и испорачани лекови од страна на аптеките.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 09 февруари 2011

Почитувани,

 

Во четврток (10 февруари 2011 год.) со почеток во 10:30 часот, во Клубот на пратеници ќе се одржи првата обука на јавни службеници за примена на Законот за постапување по претставки и предлози.

Избран е директор на Македонската академска истражувачка мрежа-МАРнет

Скопје, 03 февруари 2011

 

Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа-МАРнет, во функција на спроведување на постапката за избор на Директор на Македонската академска истражувачка мрежа-МАРнет, распиша јавен конкурс за избор на директор, во дневните весници “Нова Македонија” и “Лајм” од 20.01.2011 година.

Најава за потпишување на меморандум
Скопје, 01 февруари 2011

Почитувани,

 

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија (МИОА) и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска („Британската Влада”), постапувајќи преку британското Министерство за надворешни работи (ФЦО), утре, 02.02.2011 во 11:30 часот ќе потпишат Меморандум за соработка на проектот со наслов „Поддршка кон процесот на модернизација на државната администрација“.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 23 јануари 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, утре 24 јануари 2011 година, ќе има свое обраќање на завршната конференција на Проектот за техничка поддршка на Агенцијата за државни службеници и зајакнување на имплементацијата на националниот систем за координација на обука.

И З В Е С Т У В А Њ Е

Скопје, 18 јануари 2011

Почитувани,

 

По повод православниот празник Богојавление (Водици), утре 19.01.2011 министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски ќе присуствува на богослужбата во црквата св. Илија и фрлањето на крстот во Радовиш во 10.30 часот.

Syndicate content