СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ВО ВРСКА СО МАРНет

Со одлука на Уставниот суд на Македонија донесена на 22.12.2010 година и објавена во Службен весник бр. 171 од 30.12.2010 година, се укинува Правилникот за организација и управување со врвниот македонски домен МК во областа на Интернет и за користење на поддомените во него, донесен од Управниот одбор на МАРНет во 2004 година.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 17 јануари 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски денес 17.01.2011 ќе се обрати на настанот за состојбата на е–трговијата во Република Македонија, кој е во организација на УСАИД и МИОА.

Најава за прес
Скопје, 10 јануари 2011

Почитувани,

 

Утре, 11.01.2011 вторник со почеток во 12 часот, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски ќе одржи прес-конференција во Дебатна сала на Владата на Република Македонија. Тема на прес–конференцијата ќе биде формирањето на новото Министерство за информатичко општество и администрација.

Најава за посета на ИКТ компанијата Кабтел

Скопје, 22 декември 2010

Почитувани,

 

Утре 23.12.2010, министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски ќе ја посети ИКТ компанијата Кабтел.

Најава за посета на специјализираните ИТ обуки за невработени лица

Скопје, 20 декември 2010

Почитувани,

 

Утре 21.12.2010 год. во 13 часот, министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски ќе ги посети специјализираните ИТ обуки за невработени лица што се одржуваат во фирмата Некст Сенс. 

Најава за посета на Универзитетот за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле“ во Охрид

Скопје, 17 декември 2010

Почитувани,

 

Во понеделник 20.12.2010 година, со почеток во 10 часот во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле“ Охрид, министерот за информатичко општество на Р.Македонија, м-р Иво Ивановски, ќе ја означи работата на суперкомпјутерот за паралелно процесирање.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 14 декември 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски, утре 15 декември во 11 часот во хотелот Александар Палас, ќе го отвори настанот на кој предавање ќе има Кевин Митник, најпознатиот (поранешен) светски хакер.

Министерот Иво Ивановски во службена посета на Абу Даби по повод Годишниот форум и средба на Управниот одбор на UN GAID

Скопје, 03 декември 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество, м–р Иво Ивановски, на 5–6 декември 2010 година ќе биде во службена посета на Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Цел на посетата е Годишниот форум и средба на Управниот одбор на Глобалната алијанса за развој нa информатички–комуникациски технологии и развој при Обединетите нации UN GAID.

Најава за службена посета на Брисел

Скопје, 29 ноември 2010

Почитувани,

Министерот за информатичко општество, м–р Иво Ивановски, од утре 30.11.2010 година ќе биде во службена посета на Брисел. За време на посетата, министерот Ивановски ќе оствари средби со претставници од Европската комисија на која ќе се разговара за предлог-стратегијата за реформи  во јавната администрација која ја изработи Human Dynamics.

Најава за посета на Братислава, Словачка

Скопје, 08 ноември 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски утре, 09 ноември, на покана на словачкиот вицепремиер и министер за финансии,  ќе биде во еднодневна посета на Братислава, Словачка.

Најава за врачување на договори за невработени граѓани кои ќе посетуваат специјализирани ИТ курсеви

Скопје, 04 ноември 2010

Утре 05.11.2010 со почеток во 10:45 часот во Дебaтната сала на Владата на Република Македонија,  министерот Иво Ивановски и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска свечено ќе ги врачуваат договорите на 80 невработени граѓани кои ќе ги посетуваат специјализираните ИТ курсеви.

Најава за промоција

Скопје, 19 октомври 2010

Почитувани,

 

На 20.10.2010  (среда), министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски ќе биде во посета на
Факултетот на Југоисточна Европа во Тетово.

За време на посетата министерот ќе  додели дипломи на 34 студенти за завршена специјалистичка обука за ИТ
банкарство и ќе ги посети двата кампуса на Универзитетот, каде што ќе има и средба со студентите.

Најава за посета на конференција

Скопје, 14 октомври 2010

Почитувани,

 

Денес 14.10.2010 четврток во 14:30 часот, министерот за информатичко општество, м–р Иво Ивановски ќе ја посети Конференцијата на Мајкрософт - Визија во хотелот Александар Палас.

Најава за промоција

Скопје, 12 октомври 2010

Почитувани,

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски заедно со градоначалникот на Штип, Зоран Алексов и директорката на Бирото за развој на образование, Весна Хорватовиќ, утре на 13.10.2010 (среда) во 13:00 часот ќе го посетат ОУ Димитар Влахов во Штип.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 04 октомври 2010

Почитувани,

Министерот Иво Ивановски утре 05.10.2010 година, со почеток во 9:00 часот  во Холидеј Ин (Дневна сала), ќе ја отвори работилницата “Размена на е-документи помеѓу државните институции”. На работилницата презентација ќе одржи консултантот д-р Амјад Умар, извршен директор на компанијата Next Generation Solutions, како и професор и директор на е-бизнис на „Harrisburg University of Science and Technology“, Харисбург, Пенсилванија.

И З В Е С Т У В А Њ Е

Скопје, 22 септември 2010

Почитувани

 

Ве известуваме дека утре, 23.09.2010 година (четврток), заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска ќе  одржи брифинг во конференциската сала во Министерството за информатичко општество во зградата на поранешна НИП “Нова Македонија” со почеток во 12 часот, за Законот за МАРнет и за учеството на  Меѓународната конференција за информатичка соработка и информатичка безбедност, која се одржа од 13-17 септември 2010 во Варна, Р. Бугарија.  

Syndicate content