Најава за учество на конференцијата на UN-GAID
Њујорк, 20 септември 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество на Република Македонија, м-р Иво Ивановски како член на управниот одбор на Глобалната Алијанса за информатички технологии и развој, утре 21.09.2010 ќе земе учество на конференцијата на UN-GAID што се одржува во Њуjорк по повод Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Министерот Ивановски на доделување на награди на World Summit Youth Award (WSYA)
Њуjорк, 20 септември 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски  денес, 20.09.2010 во Њуjорк ќе има обраќање на World Summit Youth Award (WSYA) - Winners Award Ceremony и ќе додели награди за најуспешните млади креативци на е-содржини во категоријата Борба против сиромаштијата, гладот и болестите.

Најава за потпишување на меморандум

Скопје, 15 септември 2010

 

На 16.09 (четврток) со почеток во 13:00 часот министерот за информатичко општество, м–р Иво Ивановски ќе потпише Меморандум за соработка со ректорите на петте државни универзитетите од Република Македонија: “Св. Кирил и Методи”- Скопје  “Св. Климент Охридски”- Битола,   “Гоце Делчев” – Штип,  “Св Апостол Павле” –Охрид и  “Државниот Универзитет” – Тетово.

Најава за отворање на конференција

Охрид, 13 септември 2010

Почитувани,        

 

Од 12.09.2010 до 14.09.2010 во Охрид се одржува меѓународна конференција за „Е-демократија, ИКТ- двигател за унапредување на демократијата“. Министерот за информатичко општество Иво Ивановски ќе има свое обраќање на отворањето на конференцијата на 13.09.2010 во 10:20 часот.

Најава за промоција
Скопје, 03 септември 2010

Почитувани,

 

На 04.09.2010 (сабота) со почеток во 11:00 часот, министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, ќе го промовира бесплатниот интернет во студенскиот дом “Стив Наумов” во Скопје.

Најава за промоција
Скопје, 02 септември 2010

Почитувани,

 

На 03.09.2010  (петок) министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски заедно со претставници од ПЕП и USAID ќе бидат во посета на основното училиште „Лазо Трповски” во општина Карпош.

Најава за промоција
Скопје, 18 август 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски на 19.08.2010 (четврток) со почеток во 10.30 часот, во просториите на Министерството за информатичко општество ќе ја промовира  стратегијата за е-содржини. На промоцијата ќе присуствува и директорката на бирото за развој на образование Весна Хорватович.

Најава за прес

Скопје, 27 јули 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски, утре 28.07.2010 со почеток во 12 ч. во просториите на Министерството за информатичко општество ќе одржи прес­–конференција.

 

Тема на прес–конференцијата е “Бесплатни обуки за невработени лица за стекнување вештини од областа на информатиката, преку програмирање на програмски јазици и програмски алатки”, во насока на зголемување на можностите за нивно полесно вклучување во пазарот на трудот.

Министерот Ивановски на состанок со Комисијата за широкопојасен интернет на ITU во Женева
Скопје, 09 јули 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество, м–р Иво Ивановски на 11 јули ќе присуствува на првиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет на Интернационалната телекомуникациска унија (ITU) во Женева под покровителство на Обединетите Нации.

 

 

Најава- потпишување на Меморандум за соработака меѓу Министерството за информатичко општество и првиот приватен факултет ФОН
Скопје, 06 јули 2010

Почитувани,

 

Утре 07.07.2010 (среда), министерот Иво Ивановски и директорот Сефер Цановски ќе потпишуваат Mеморандум за соработка помеѓу Министерството за информатичко општество и првиот приватен факултет ФОН.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Охрид, 08 јуни 2010

Почитувани,

 

Во рамки на Лидерската конференција за ИКТ во образованието 2010, која се одржува во Охрид, согласно агендата, утре - 09.06.2010 со почеток во 10.00 часот, гостите од Конференцијата ќе го посетат училиштето „Св. Климент Охридски“ во Охрид каде практично ќе се презентира користењето на преносните компјутери од учениците.

Најава за ИКТ конференција
Скопје, 07 јуни 2010

Почитувани,

 

Ве известуваме дека свеченото отворање на првата “Лидерска конференција за ИКТ во образованието 2010” ќе се случи утре 08.06.2010 година, со почеток во 09:30 часот, во хотел Инекс Горица, Охрид.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 02 јуни 2010

Почитувани,


Министерот за информатичко општество, м–р Иво Ивановски, заедно со потпретседатетелот на Владата и министер за економија и регионален развој на Република Србија г–дин Млаѓан Динкиќ денес среда, 02 јуни 2010 ќе бидат во посета на ИТ компанијата Сивус.

Покана за проследување на настан
Скопје, 27 мај 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски, утре 28.05.2010 во 11:30 чaсот ќе го посети Интернет клубот во Скопје со цел да се сретнe со граѓаните и изворно да се информира за бенефитите што граѓаните ги уживаат од овој проект.

С О О П Ш Т Е Н И Е

25 мај 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски, утре 26 мај ќе учествува на Webit eGov Самитот кој се одржува во Софија, Бугарија.

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 19 мај 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски утре, (20.05.2010 година) во 12.30 часот ќе биде во посета на FX3X, успешна македонска компанија која се занимава со извоз на софтвер. Оваа фирма е формирана во 1997, а во 1999 за првпат ја произведе првата 3Д анимирана серија.

Syndicate content