Најава за прес-конференција
Скопје, 17 мај 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, утре (18.05.2010 година) со почеток во 11:30 часот во дебатна сала во Влада на РМ ќе одржи прес за престојната меѓународна конференција, “Лидерска конференција за ИКТ во образованието 2010“ која ќе се одржува во Охрид од 07–09.06.2010 под покровителство на ИНТЕЛ корпорацијата, а во организација на Министерството за информатичко општество.

Повик за јавна расправа
Скопје, 14 мај 2010

Министерството за информатичко општество на ден 18.05.2010 година во Клубот на пратеници, со почеток во 10 часот, организира јавна расправа по однос на предлог – подзаконските акти согласно Законот за електронско управување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 105/2009).

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 04 мај 2010

На ден 05.05.2010, во просториите на Агениција за катастар на недвижности, министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски, ќе одржи работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности г-дин Љупчо Георгиевски за проектот е-Документи.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 27 април 2010

На ден 28.04.2010,  во просториите на Управа за јавни приходи, министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски, ќе одржи работна средба со директорот на Управата за јавни приходи  Горан Трајковски за проектот е-Документи.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 23 април 2010

Почитувани,

 

На 24.04.2010 (сабота) со почеток во 11:00, министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Маријан Ристески,  ќе го промовира бесплатниот интернет во студенскиот дом “Орде Чопела” во Прилеп.

Министерот Ивановски ќе го посети основното училиште “Гоце Делчев” во Скопје
Скопје, 20 април 2010

На 21.05. (средa) со почеток во 12:00 часот, министерот за информатичко општество г-дин Иво Ивановски, заедно со министерот за образование и наука г-дин Никола Тодоров, ќе го посетат основното училиште  “Гоце Делчев” во Скопје.

Најава за промоција на книги

Скопје, 14 април 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски на 15.04 (четврток) ќе ги промовира 15–те наслови на преведените книги од областа на информатичко–комуникациските технологии. Ова е дел од проектот Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија”.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 08 април 2010

Почитувани,

 

На 09.04.2010 (петок) со почеток во 11:00 часот, министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски ќе прави промоција на бесплатниот интернет во студентскиот дом Пелагонија во Скопје.

Најава за прес

Скопје, 24 март 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество, м–р Иво Ивановски, утре 25.03 (четврток) ќе ги соопшти најновите резултати од извештајот “Мерење на информатичкото општество” на ITU (International Telecommunication Union). На прес-конференцијата ќе биде презентиран големиот скок што Македонија го има направено во изминатиов период во насока на развојот на информатичкото општество.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 23 март 2010

Почитувани,        

 

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, заедно со амбасадорот на Република Романија, Стефан Константинеску,  ќе одржат предавање за Европската Унија пред средношколците во СУ “Панче Караѓозов” во Скопје.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 17 март 2010

Почитувани,

 

Утре,  18-ти март 2010 година (четврток), со почеток во 09:30 часот, министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски, ќе се обрати на Четвртата тркалезна маса на тема -„Интероперабилностa нуди избор, поттикнува иновации и создава можности“ во организација на Microsoft Македонија.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 05 март 2010 

Почитувани,

 

На 07.03.2010 (недела) во 15:20 часот, министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски ќе го посетат Студентскиот дом “Кочо Рацин ” во Битола.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 18 февруари 2010

Почитувани,

 

На 19.02.2010 (петок) во 12:00 часот, министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски  ќе присуствува на обуките за наставниците во основното образование за подобрување на ИКТ во наставата.
Се работи за обуки за ученичките тимови за техничка поддршка, кои се однесуваат на техничко одржување на тенките клиенти и Intel Classmate PC-ата и Едубунту оперативниот систем.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Њујорк, 09 февруари 2010

Вчера 08.02.2010 во Њујорк, Соединетите Американски Држави, се одржа состанок на Управувачкиот комитет на “Глобалната алијанса на Обединетите нации за информатички технологии и развој (GAID)’’, каде што министерот Ивановски е член. На состанокот учество зедоа највисоки претставници на компании од областа на ИКТ, министри од повеќе земји, како и значајни носители на одлуки од целиот свет.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 08 февруари 2010 

Почитувани,

 

Од денес, 08.02.2010 министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, е во работна посета на Њу Јорк, Соединетите Американски Држави.

Цел на посетата е одржувањето на состанокот на членовите на Управниот одбор на ‘’Глобалната алијанса на Обединетите нации за информатички технологии и развој (GAID)’’.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 05 февруари 2010

Почитувани,

 

На 06.02.2010 (сабота) во 12:00 часот, во хотелот Епинал во Битола, ќе се одржи работна средба на министерот за информатичко општество, Иво Ивановски и ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, г-дин Златко Жоглев со претседателот на Френклин Универзитетот, г-дин Дејвид Декер.

Syndicate content