С О О П Ш Т Е Н И Е
Скoпје, 01 февруари 2010

Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски, денес (01.02.2010 година) во 16:30 ч. ќе го отвори новиот бесплатен владин интернет клуб во Штип, а во 18:30 ќе го отвори интернет клубот во Св. Николе.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 28 јануари 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски, на ден 28.01.2010 (четврток) со почеток во 11:00 часот, ќе биде во посета на Царинската управа на Република Македонија, каде што од страна Управата ќе биде презентиран напредокот што го имаат направено во поглед на имплементирањето на Документ менаџмент системот и употребата на новите апликации што ги имаат направено во последните 3 години.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 20 јануари 2010 

Почитувани,

 

На 21.01.2010 (четврток) со почеток во 11:00 часот, во просториите на Министерството за информатичко општество, официјално ќе се потпише договорот за реализација на Проектот за меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу  државните органи и институциите.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Лондон, 11 јануари 2010

Почитувани,

 

Од денес 11.01.2010, Министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски е во дводневна посета на Лондон, Велика Британија. Цел на работната посета е одржувањето на ‘Светскиот форум за учење и технологија’’.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 04 јануари 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски заедно со Стопанската комора МАСИТ ќе ги презентираат резултатите на домашната ИКТ индустрија за 2008 година.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 28 декември 2009 

Почитувани,

 

На 28.12.2009 (понеделник) со почеток во 12:00 часот, министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски и градоначалникот на Прилеп, Маријан Ристески, ќе доделуваат лап-топ компјутери на професорите во гимназијата ”Мирче Ацев” во Прилеп.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 17 декември 2009 

Почитувани,

 

На 18.12.2009 петок, со почеток во 12ч. во средното училиште ГУЦ “Здравко Цветковски”, Министерот Иво Ивановски и Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, ќе ги доделуваат лаптопите коишто се набавени за сите наставници од средните училишта во Скопје.

НАЈАВА: Министерот Ивановски гостин во емисијата "Јади бурек", на НАША ТВ
Скопје, 16 декември 2009

 

На 17.12.2009(четврток) со почеток во 22.22 часот Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, ќе биде гостин во емисијата “Јади бурек” со Јанко Илковски на НАША ТВ .

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 03 декември 2009

Почитувани,

 

Денес на 03.12.2009 со почеток во 12:00 часот, во хотел Холидеј Ин, министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски ќе ја затвори петтата по ред Меѓународна конференција за е–Општество, „Јас медиум”.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 01 декември 2009

Почитувани,

 

Денес на 01.12.209 со почеток во 12:00 министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски ќе го посети Универзитетот св. “Кирил и Методиј” во Скопје и ќе  одржи предавање пред студентите во Амфитеатарот на тема “Ефектот на интернетот врз развојот на светот”

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 21 ноември 2009

Почитувани,


На 23.11.2009 (понеделник) со почеток во 09:30 министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски ќе го посети Универзитетот за информатички технологии во Охрид. Министерт Ивановски ќе има свое обраќање пред студентите на тема “Интернет 2.0”.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 20 ноември 2009

Почитувани,

 

На 21.11.2009 (сабота) со почеток во 10:30 во просториите на Министерство за информатичко општество, министерот Ивановски ќе одржи прес конференција. Тема на прес конференцијата ќе биде  информирање на јавноста за проектот Е-документи.

Министерот Иво Ивановски од 18-20 ноември на министерска конференција за е-Влада во Малме, Шведска
Скопје, 17 ноември 2009

Од утре, 18.11.2009 министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, е во посета на Малме, Шведска. Цел на работната посета е министерска конференција за Е- Влада.

 

Министерот Иво Ивановски на конференција за електронско учење во Порто

Порто, Португалија, 10 ноември 2009

Од денес, 10.11.2009 министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, е во дводневна посета на Порто, Португалија. Цел на работната посета е одржувањето на една од  најголемите и најзначајните конференции за електронско учење во организација на INTEL.

 

Министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски на конференција во организација на Интернет Kорпорацијата

Министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, од 25 до 30 октомври 2009 година, учествува на конференција во организација на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), која што се одржува во Сеул, Јужна Кореа.

С О О П Ш Т Е Н И Е
Скопје, 03 јули 2009

Почитувани,

 

На 05.07.2009 ( Недела) со почеток во 12ч, министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски ќе одржи прес-конференција за Систем за управување со документи. Истата ќе биде проследена со презентација на која ќе се прикаже текот на еден административен процес.

Syndicate content