Потпишување на меморандум за соработка со УСАИД
Скопје, 01 јули 2009

Министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, утре(четврток, 02.07.2009 година) ќе потпише Mеморандум за разбирање и соработка помеѓу Министерство за информатичко општество и УСАИД.

Министерот Иво Ивановски во посета на Република Чешка
Скопје, 13 мај 2009

Утре, 14.05.2009 во Прага, Република Чешка, голем број на владини министри, регулатори, генерални директори од голем број Европски земји ќе земат учество на настанот на кој ќе се дискутира за развој на е- стратегии.

Прес-конференција на министерот Иво Ивановски

Скопје, 04 мај 2009

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски утре, 5 мај 2009 година со почеток во 13.00 часот ќе одржи ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА во врска со намалувањето на дигиталниот јаз во руралните средини. Со овој проект ќе се инсталираат интернет - киосци со безжична антена Wi-Fi во 680 места во руралните средини на територијата на Република Македонија.

Презентација на првиот СУПЕР КОМПЈУТЕР во државната администрација

Скопје, 26 март 2009

Министерот за информатичко општество на Република Македонија м-р Иво Ивановски, во петок, 27 март 2009 во 11 часот, ќе го промовира и свечено ќе го пушти во работа првиот СУПЕР КОМПЈУТЕР во државната администрација, кој што претставува најмоќен систем во Република Македонија.

И З В Е С Т У В А Њ Е

Скопје, 26 март 2009

Денес, 26.03.2009 година (четврток) во 15:30 часот, во просториите на Средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје, заменик претседателот на Владата Зоран Ставрески, министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, министерот за образование и наука, Перо Стојановски, и директорот на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ ќе присуствуваат на презентацијата на обуките за ЕДУБУНТУ.  Исто така, присутните на настанот ќе дадат изјава за медиумите.

Прес-конференција на министерот Иво Ивановски

Скопје, 17 март 2009

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Министерот за информатичко општество на Република Македонија Иво Ивановски, утре 18 март 2009 година, во 14.00 часот, ќе одржи ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА во врска со одржувањето на првиот состанок на Националниот совет за информатичко општество.

Министерот Ивановски во работна посета на Бугарија

Скопје, 10 март 2009

Министерот за информатичко општество на Република Македонија Иво Ивановски утре, 11 март 2009 година ќе биде во еднодневна работна посета на Софија, Република Бугарија.


Министерот Ивановски во работна посета на Словенија
Скопје, 25 февруари 2009

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Министерот за информатичко општество на Република Македонија Иво Ивановски утре, 26 февруари 2009 година, ќе оствари работна посета на Република Словенија.

Министерот Ивановски организира деловен ручек

Скопје, 20 јануари 2009

Министерот за информатичко општество на Република Македонија, м-р Иво Ивановски утре, 21 јануари 2009 година, ќе организира деловен ручек на кој тема на разговор ќе биде развојот на е-содржини во основните и средните училишта.

Прес на министерот за информатичко општество Иво Ивановски

Скопје, 04 ноември 2008

Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски утре, 5 ноември 2008 година, во 11.00 часот ќе одржи ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА по повод 100-те дена работа на Министерство за информатичко општество.

Министрите Ивановски и Јанакиески на јавна расправа за креирање Стратегија за широкопојасен интернет

Скопје, 31 октомври 2008

Mинистерот за информатичко општество Иво Ивановски и Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во Клубот на пратеници во Скопје ќе ја отворат јавната расправа што ќе се одржи во насока на креирање Стратегија за развој на широкопојасен интернет.

Прес-конференција на министерот Иво Ивановски

Скопје, 14 Август 2008

Министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски денеска, 14 август 2008 година, во 13.30 часот ќе одржи ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА во врска со воведувањето на електронски систем за следење на документи во сите владини институции.

Министерот Ивановски ќе претстави ново компјутеризирано училиште

Охрид, 29 Мај 2008

 

Утре, 30 мај 2008 година, во 11.00 часот во рамките на проектот „Компјутер за секое дете“, ќе биде претставено компјутеризираното училиште ЕМУЦ Св. Наум Охридски“ во Охрид.

Премиерот Груевски и министерот Ивановски ќе претстават ново целосно компјутеризирано училиште

Скопје, 23 Април 2008

Премиерот на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски и министерот за Информатичко општество м-р Иво Ивановски, утре, 24 април 2008 година (четврток), ќе претстават ново целосно компјутеризирано училиште во рамките на проектот „Компјутер за секое дете“.

Министерот Ивановски на деловен ручек со ССК

Скопје, 09 Април 2008

Денес 09.04.2008 (среда), по повод поканата за учество на деловен ручек во организација на ИКТ Комората на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија, министерот без ресор, м-р Иво Ивановски ќе присуствува и ќе одржи краток говор на средбата што ќе се одржи со почеток во 12:00 часот,во хотел „Континентал“ (Кристална сала).

Министерот Ивановски ќе го претстави првото целосно компјутеризирано училиште

Скопје, 06 април 2008

Министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски и генералниот директор на АД „Македонски Телекомуникации“ Николај Бекерс, утре, 7 април 2008 година (понеделник), ќе го претстават првото целосно компјутеризирано средно училиште, во рамките на проектот „Компјутер за секое дете“.

Syndicate content