Најава : Тркалезна маса за одлив на работна сила од ИКТ секторот

Скопје, 3 декември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 4 декември 2014 година, четврток, во 12.00 часот, ќе се обрати на тркалезната маса на тема „Одлив на работна сила од ИКТ секторот„. Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на ФИНКИ, а е во организација на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Најава : Ивановски на основањето на Македонската медиумска асоцијација

Скопје, 24 ноември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 25 ноември 2014 година, вторник, во 11.00 часот, ќе се обрати на основањето на Македонската медиумска асоцијација. Настанот ќе се одржи во Стопанската Комора на Македонија.

Најава : Ивановски на втората Microsoft Public Sector Industry конференција

Скопје, 17 ноември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 18 ноември 2014 година, вторник, ќе се обрати на втората Microsoft Public Sector Industry конференција, која ќе се одржи во Музејот на револуционерната борба во Скопје. Во 10.00 часот, предвидени се изјави за медиумите.

Најава : Ивановски на Јавна расправа за ЗОУП

Скопје, 16 ноември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 17 ноември 2014 година, понеделник, во 10.00 часот, ќе учествува на Јавната расправа за работната верзија на Предлогот на законот за општата управна постапка. Јавната расправа ќе се одржи во Собранието на Република Македонија, во рамките на 12-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Најава : Министерска конференција во Брисел за реформи на администрацијата

Скопје, 11 ноември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 12 ноември 2014 година, среда, ќе учествува на министерската конференција на тема „Зајакнување на реформите на јавната администрација во процесот на проширување„ која ќе се одржи во Брисел. Во рамките на попладневната сесија тој ќе има обраќање во кое ќе го претстави процесот на спроведување на реформите во јавната администрација во Република Македонија.

Најава : Активности на министерот Иво Ивановски на 10 ноември 2014 година, понеделник

Скопје, 9 ноември 2014 година

11.00 часот - Свечено пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште во с.Добрушево, општина Могила.

Најава : Ивановски во работна посета на Делчево

Скопје, 5 ноември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 6 ноември 2014 година, четврток, во 12.00 часот, во локалната самоуправа на Делчево ќе оствари работна средба со градоначалникот на општината, Дарко Шехтански.

Најава : Ивановски во бесплатниот интернет клуб во Неготино

Скопје, 4 ноември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 5 ноември 2014 година, среда, во 14.45 часот, ќе го посети бесплатниот интернет клуб во Неготино, каде ќе се запознае со неговата работа. Ивановски ќе оствари средба и со градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов.

Арсовска Томовска на Самит за иновации во Абу Даби

Абу Даби, 4 ноември 2014 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 5 ноември 2014 година, среда, како еден од главните панелисти, ќе учествува на Самитот за навигација на глобалните предизвици со генерацијата на иновации, кој се одржува во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Самитот ќе ги опфати идеите за менување на доменот на авијацијата, енергијата, образованието и бизнисот, со цел да се потенцира трансформативната природа на новите технологии во веќе поврзаниот свет.

Најава : Петта годишна министерска средба на Регионалнатa школa за jавна aдминистрација (ReSPA)

Скопје, 30 октомври 2014 година

Регионалнатa школa за jавна aдминистрација (ReSPA) на 31 октомври, петок, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, ја организира Петтата годишна средба на министерско ниво на која ќе учествуваат министри од шест земји од регионот задолжени за реформи на јавната администрација и процесите на европска интеграција. Домаќин на состанокот е министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Во 13.00 часот, закажана е прес-конференција на министерот Ивановски и директорот на РеСПА, Суад Мушиќ.

Најава : Европски ден на претприемачот и СЕЕИТА и МАСИТ Отворени денови

Скопје, 28 октомври 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 29 октомври 2014 година, среда, во 12.30 часот, ќе се обрати на конференцијата „Европски ден на претприемачот и СЕЕИТА и МАСИТ Отворени денови„.

Настанот ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје.

Најава : Сертификат за информациски системи за ФЗОМ

Скопје, 20 октомври 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 21 октомври 2014година, вторник, во 11.00 часот, на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова, ќе и го врачи Сертификатот за информациски системи.

Настанот ќе се одржи во просториите на Фондот за здравствено осигурување.

Најава : Ивановски на средба со Генералниот секретар на Советот на Европа

Скопје, 12 октомври 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 13 октомври 2014 година, понеделник, во Стразбур ќе оствари средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

Најава : Ивановски во посета на Гевгелија

Скопје, 8 октомври 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска, 8 октомври, во 14.00 часот, ќе го посети бесплатниот интернет клуб во Гевгелија.

Најава : Арсовска Томовска на Меѓународната конференција за човечки ресурси

Скопје, 2 октомври 2014 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 3 октомври 2014 година, петок, во 09.30 часот, ќе ja отвори шестата по ред Меѓународна конференција за човечки ресурси, која е во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Настанот ќе се одржи во М6 Едукативниот Центар во Скопје.

Најава : Потпишување на Спогодбата за намалување на цените на услугите во роамингот во Будва

Скопје, 28 септември 2014

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 29 септември 2014 година, понеделник, во Будва ќе ја потпише Спогодбата за за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи, која се склучува помеѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Syndicate content