Најава : Арсовска Томовска на конференција за транспарентност на медиумската сопственост

Скопје, 24 септември 2014

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 25 септември 2014 година, четврток, во 09.00 часот, ќе ја отвори регионалната конференција „Транспарентност на медиумската сопственост и спречување на медиумска концентрација„, која е во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Настанот ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин„ во Скопје.

Најава : Арсовска Томовска на Social Good Summit настанот во Скопје

Скопје, 21 септември 2014

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 22 септември 2014 година, понеделник, во 17.00 часот, ќе се обрати на Social Good Summit 2014 во Скопје.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на ФИНКИ (Технолошко-металуршки факултет).

Најава : Арсовска Томовска на Startup Weekend во Скопје

Скопје, 20 септември 2014

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, во улога на член на жири комисија ќе учествува на Startup Weekend во Скопје, кој се одржува од 19 до 21 септември.

Оценувањето на презентациите на учесниците ќе се одржи во Мулти Бизнис Центарот на Скопски саем на 21 септември 2014 година, недела, со почеток во 17.00 часот, а во 19.30 часот е доделувањето на наградите за најуспешните.

Најава : Прес-конференција за Информатијада 2014

Скопје, 17 септември 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 18 септември 2014 година, четврток, во 14.00 часот, ќе одржи заедничка прес конференција со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов, и претседателот на студентскиот парламент при ФИНКИ, Давор Поповски, посветена на претстојната Информатијада 2014 во Охрид.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Ивановски на свечен академски час на ФИКТ во Битола

Скопје, 17 септември 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 18 септември 2014 година, четврток, во 10.00 часот, ќе се обрати на свечениот академски час за студентите на новиот Факултет за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот при Техничкиот факултет во Битола.

Најава : Јавна расправа за Предлог - Законот за општа управна постапка

Скопје, 10 септември 2014 година

На 11 септември 2014 година , четврток, во Клубот на пратеници, со почеток во 13.00 часот, ќе се одржи Јавна расправа за новиот Предлог - Закон за општа управна постапка, која ќе ја води министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Најава : Министерот Ивановски ќе се обрати на затворањето на меѓународната конференција АДБИС

Охрид, 10 септември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес , 10 септември 2014 година, среда, во 11.00 часот ќе се обрати на затворањето на осумнаесеттата меѓународна конференција за достигнување во доменот на базите на податоци и информациски системи-АДБИС, и воедно на отварањето на шестата меѓународна конференција “ИКТ Иновации2014” која се одржува во Охрид.

На конференцијата ќе се обрати и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Најава

Скопје, 7 септември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 8 септември 2014 година, понеделник, ќе биде домаќин на заменик секретарот за комуникации и информации на Министерството за трговија на САД, Лоренс Е. Стриклинг.

За време на посетата ќе биде реализирана средба и со амбасадорот на САД, Пол Волерс.

Во 11.30 часот, предвидени се изјави за медиумите.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава

Скопје, 2 септември 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 3 септември 2014 година, среда, со почеток во 10.00 часот ќе одржи прес конференција за предлог Законот за општа управна постапка.

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерот Ивановски на Форумот за интернет владеење во Истанбул

Скопје, 31 август 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, од 1 до 2 септември, 2014 година ќе биде на службена посета во Репубика Турција.

Најава : Надградба на Системот за интероперабилност

Скопје, 17 август 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 18 август 2014 година, понеделник, во 11.00 часот, ќе одржи прес-конференција за надградбата на Системот за интероперабилност со кој се овозможува поврзување на државните институции по електронски пат за размена на документи и податоци и воспоставување на целосен едношалтерски систем.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Ивановски во посета на Фондот за здравствено осигурување

Скопје, 14 август 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 15 август 2014 година, петок, ќе го посети Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, при што ќе оствари работна средба со директорот Маја Парнарџиева-Змејкова.

Во 10.30 часот, предвидени се изјави за медиумите.

Настанот ќе се одржи во просториите на Фондот за здравствено осигурување.

Најава : Ивановски во посета на Агенцијата за вработување

Скопје, 13 август 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 14 август 2014 година, четврток, ќе ја посети Агенцијата за вработување на Република Македонија, при што ќе оствари работна средба со директорот Влатко Поповски.

Во 11.15 часот, предвидени се изјави за медиумите.

Настанот ќе се одржи во Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Најава : Ивановски во посета на Централниот Регистар

Скопје, 12 август 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 13 август 2014 година, среда, ќе го посети Централниот Регистар на Република Македонија, при што ќе оствари работна средба со в.д. директорот Андреа Поповски.

Во 13.00 часот, предвидени се изјави за медиумите.

Настанот ќе се одржи во Централниот Регистар на Република Македонија.

Најава : Ивановски во посета на Агенцијата за катастар на недвижности

Скопје, 11 август 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 12 август 2014 година, вторник, ќе ја посети Агенцијата за катастар на недвижности, при што ќе оствари работна средба со директорот Славчо Трпевски.

Во 11.15 часот, предвидена е изјава за медиумите.

Настанот ќе се одржи во Генералната дирекција на Агенцијата за катастар на недвижности во Скопје.

Најава : Резултати од спроведените истражувања на Таен клиент

Скопје, 10 август 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 11 август 2014 година, понеделник, во 12.00 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе ги објави резултатите од спроведените истражувања - Анкета на задоволство на граѓаните и Таен клиент во одредени државни институции, во согласност со методологијата „Барометар на квалитет на институции„.

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Syndicate content