Најава : Систем за електронско управување со документи

Скопје, 6 јули 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 7 јули 2014 година, понеделник, во 10.00 часот, ќе го претстави напредокот на проектот - Систем за електронско управување со документи.

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава за прес-конференција

Скопје, 1 јули 2014

Министрите за информатичко општество и администрација, и за труд и социјална политика, Иво Ивановски и Диме Спасов, на 2 јули 2014 година, среда, во 10.30 часот, ќе одржат заедничка прес-конференција за владината мерка за ослободување од плаќање на радиодифузната такса за социјално ранливите категории.

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Започнување на циклус обуки за Системот на управување на компетенции

Скопје, 30 јуни 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, и амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Едмунд Гарет, на први јули, вторник, во 9.00 часот, ќе одржат прес конференција за започнувањето на циклусот обуки за системот на управување на компетенции кој се спроведува во рамките на проектот „Поддршка на реформите во јавната администрација“ поддржан од Британската амбасада.

Настанот ќе се одржи во хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје.

Најава

Скопје, 29 јуни 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 30 јуни 2014 година, понеделник, ќе го најави почетокот на изготвувањето на краткорочната и долгорочната стратегија за развој на ИКТ индустријата во Република Македонија.

На настанот кој ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, со почеток во 11.30 часот, ќе учествуваат претставници на државните факултети и информатичките комори во Република Македонија.

Најава : Промоција на проектот "Компјутери за социјално ранливите категории"

Скопје, 25 јуни 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Претседателот на ИКТ комората при Сојузот на Стопански Комори на Република Македонија, Саша Огненовски, на 26 јуни 2014 година, четврток, во 10.00 часот, ќе го промовираат проектот "Компјутери за социјално ранливите категории".

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Состанок на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви

Скопје, 22 јуни 2014

Министерот за иформатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 23 јуни 2014 година, ќе учествува на состанокот на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN),кој се одржува во рамките на Владиниот состанок на високо ниво во Лондон, Велика Британија.

Доделување на наградите од натпреварот за развој на HTML5 апликации

Скопје, 8 јуни 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 9 јуни 2014 година, понеделник, во 10.30 часот, ќе ги додели наградите од натпреварот за развој на HTML5 апликации, организиран од страна на Министерството за информатичко општество и администрација и во соработка со корпорацијата Intel.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Арсовска Томовска на Првиот Smart Boot Camp For Medical Technology Services

Скопје, 29 мај 2014

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 29 мај 2014 година, четврток, во 15.00 часот, ќе учествува на завршните презентации на Првиот Smart Boot Camp For Medical Technology Services, каде што студенти од економски, медицински и технички области ќе осмислуваат и презентираат софтверски решенија на предизвици или проблеми од областа на здравството.

Исто така, Арсовска Томовска ќе биде дел од жири комисијата која ќе ги оценува тимовите на овој тридневен бесплатен едукативен настан во организација на првиот акцелератор во Република Македонија.

Настанот ќе се одржи во просториите на New Man’s Business Accelerator.

Ивановски на Microsoft Youthspark настанот за ИКТ вештини

Скопје, 20 мај 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 21 мај 2014 година, среда, во 10.00 часот, ќе се обрати на настанот Microsoft Youthspark Live Event, во организација на Microsoft Македонија и во соработка со Центарот за иновации, чија цел е да им се помогне на младите луѓе со ИКТ знаења и вештини.

Настанот ќе се одржи во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје.

Арсовска Томовска на 70-та средба на правниците во Охрид

Скопје, 7 мај 2014

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 8 мај 2014 година, четврток, ќе се обрати на 70-та средба на правниците во организација на Здружението на правници на Република Македонија.

Настанот ќе се одржи во хотел Метропол Езерски комплекс во Охрид, со почеток во 10.30 часот.

Меморандум за соработка на ИКТ комората со Информатичките факултети

Скопје, 29 април 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 30 април 2014 година, среда, во 12.00 часот, ќе се обрати на потпишувањето на Меморандумот за соработка на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори со Информатичките факултети во Република Македонија.

Настанот ќе се одржи во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза.

Ивановски во посета на ОУ „Климент Охридски„ во Битола

Скопје, 16 април 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 17 април 2014 година, четврток, во 13.00 часот, ќе го посети ОУ „Климент Охридски„ во Битола, каде ќе се информира за начинот на изведување на наставата со помош на користењето на компјутерите со екран на допир, како дел од новата технологија на Intel Classmate PC.

Презентација на ,,Македонскиот информативен систем за шумски пожари“

Скопје, 15 април 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 16 април 2014 година, среда, во 11.00 часот, ќе се обрати на презентацијата на „Македонскиот информативен систем за шумски пожари“, во организација на Центарот за управување со кризи и со поддршка на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA).

Настанот ќе се одржи во Kонгресниот Центар на Скопски саем.

Меѓународен натпревар NASA Space Apps Change 2014

Скопје, 10 април 2014

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска , на 11 април 2014 година, петок, во 13.00 часот, ќе се обрати на официјалното отворање на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Change 2014.

Настанот ќе се одржи во просториите на New Men’s Business Accelerator во Скопје.

ИТ обука за развој на HTML5 апликации

Скопје, 10 април 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 11 април 2014 година, петок, во 10.00 часот, ќе го отвори настанот за ИТ обука за развој на HTML5 апликации, менторирано од страна на тренинг експерти од корпорацијата Intel.

Настанот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.

Министерот Ивановски ќе ja претстави Владината ИТ мрежа

Скопје, 7 април 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 8 април 2014 година, вторник, во 10.30 часот, ќе ја претстави Владината оптичка ИТ мрежа, која овозможува постигнување поголеми брзини на пренос на податоци, поголема безбедност на пренесените податоци и поголем број на електронски услуги кон граѓаните.

Прес-конференцијата ќе се одржи во зградата на Државниот завод за статистика.

Syndicate content